• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Диетата предизвикува стрес кој ја зголемува желбата за нездрава храна

Секој кој барем еднаш се обидел да биде на диета, сигурно нема да ја заборави неодоливата желба за чоколада и чипс и т.н. „junk“ храна. Научниците тврдат дека токму диетата е таа која ја зголемува желбата за забранетата храна.

Големата желба за калорична и нездрава храна за време на диетата, научниците ја објаснуваат со стресот на кое е изложено телото при губитокот на килограмите. Тоа значи дека лицата кои се подвргнуваат на диета, дури и кога ќе дојдат до посакуваната килажа, чувствуваат голема желба за масна и калорична храна.

Со истражувањето спроведено на лабораториски глувци, научниците докажале дека диетите предизвикуваат стрес. Изложеноста на поголем стрес го отежнува слабеењето, па луѓето полесно и подлегнуваат на желбата за забранетата храна.

Пропорционално со стресот расте и апетитот, па затоа повеќето луѓе чувствуваат интензивна потреба за храна додека се нервозни.

 

Прочитајте и: