• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Интраоперативна радиотерапија Печати

Поради неуспесите на радиотерапијата во лекувањето на радиорезистентните тумори на одредени внатрешни органи, во поново врeме, во високо специјализираните центри во светот се изведува интраоперативна радиотерапија.

Оваа техника на зрачење се изведува со електрони или во вид на брахитерапија за време на операцијата. Зрачењето се изведува интраоперативно на самиот тумор или на лежиштето на ресецираниот тумор.

Предноста на оваа метода е што туморот може да прими висока доза на зрачење, а околните здрави ткива да бидат поштедени од озрачување. На тој начин резистентниот тумор прима значително повисока туморска летална доза.

Интраоперативна радиотерапија се применува кај ракот на простатата (куративна терапија), ракот на панкреасот, желудникот, дебелото црево, ректумот, кај туморите на жолчката и жолчните патишта, како и кај туморите на мозокот.

При интраоперативната брахитерапија се користи имплантација на радиоактивен јод (J-125), во комбинација со надворешната радиотерапија, кај белодробниот карцином, мезотелиомот на плеврата и ракот на простата.