• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лековитите својства на леќата

Лековитите својства на леќата се многубројни. Таа не содржи заситени масти, не содржи холестерол, а е извонреден извор на растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна го намалуваат нивото на шеќерот и холестеролот во крвта, додека нерастворливите влакна го забрзуваат метаболизмот на варењето и го скратуваат времето на задржувањето на храната во цревата. На тој начин го намалуваат ризикот од рак на дебело црево.

Леќата содржи висок процент на витамини од групата Б, што поволно влијае на нервниот систем, на кожата и косата, додека високата количина на железо помага при слабокрвноста.

Нискиот процент на кардиоваскуларни заболувања кај жителите на Шпанија и Италија директно е поврзан со исхраната богата со леќа, пишува британскиот „ Telegraph“. Леќата помага и при губење на килограмите, бидејќи содржи многу малку калории.

При приготвување, ставете ја леќата во врела вода, бидејќи така побрзо ќе се свари. Во зависност од видот на леќата, варењето трае од 20 до 40 минути, а се служи како вариво, како додаток на салати, како прилог на месо и риба.

 

Прочитајте и: