• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Најчесто употребувани радиоактивни изотопи во брахитерапијата Печати

Брахитерапијата е посебна техника на зрачна терапија при која изворот на зрачењето (природен или вештачки радиоактивен изотоп) се поставува во некоја од природните телесни празнини и лумени или, пак, директно во самиот тумор или во неговата непосредна близина. Порано брахитерапија се остварувала, главно, со радиум или радон.

Денес, најчесто за брахитерапијата се користат: цезиум 137, кобалт 60, иридиум 192, злато 198, јод 125, паладиум 103.

Цезиум (Cs 137) – Ефективната енергија од неговиот радиоактивен распад е 0.6 MeV-a, а полуживотот е 30 години. Се користи во вид на туби и игли за интракавитарна терапија кај гинеколошките тумори.

Кобалт (Co 60) – Ефективната енергија од неговиот радиоактивен распад е 1.25 MeV-a, а полуживотот е 5.3 години. Го има во вид на плочки и туби, а се користи како извор со висока активност за многу тумори со „aferloading“ техниката.

Иридиум (Ir 192) – Ефективната енергија од неговиот радиоактивен распад е 0.38 MeV-a, а полуживотот е 74 дена. Го има во вид на жици, зрна и ленти, а се користи како привремен извор кај тумори на дојка, мозок, простата и друго.

Злато (Au 198) – Ефективната енергија од неговиот радиоактивен распад е 0.42 MeV-a, а полуживотот е 2.7 дена. Се користи во вид на зрна како перманентен извор кај ракот на простата.

Јод (J 125) – Ефективната енергија при неговиот радиоактивен распад е 0.035 MeV-a, а полуживотот изнесува 60 дена. Се користи во вид на зрна како перманентен извор кај ракот на простата и како привремен извор кај туморите на мозокот, додека во вид на плочки се користи како привремен извор кај очен меланом.

Паладиум (Pd 103) – Паладиумовите зрна се достапни во брахитерапијата од неодамна. Клиничката апликација е слична со онаа на радиоактивниот јод. Полуживотот на радиактивниот паладиум е пократок (17 дена) и обезбедува подобар биолошки ефект при перманентната апликација, бидејќи дозата се остварува за пократко време.