• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Dr. Matthew Edlund: Одморот е клучен фактор за добро здравје Печати

Dr. Matthew Edlund тврди дека одморот е еден од клучните елементи, кој на човекот му гарантира долг и среќен живот.

Научниците веќе долго време предупредуваат на важноста на сонот, чиј недостатокот предизвикува бројни здравствени проблеми. Сега е откриено дека и квалитетниот одмор игра важна улога во зачувувањето на здравјето.

Имено, американскиот експерт за спиење, Dr. Matthew Edlund, во својата нова книга „Моќта на одморот“ (The Power of Rest) истакнува дека луѓето кои не можат да спијат, можат барем да ги искоритат благодетите на квалитетниот одмор.

Според Dr. Edlund, одмарањето има многу важна улога во човековиот живот, иако често се занемарува. Одморот го обновува телото, но и овозможува и поквалитетен сон, па тоа го чини еден од клучните фактори за добро здравје.

Многу од нас се постојано зафатени и на одморот гледаат како на слабост – губење на драгоцено време. Но, одморот е биолошка потреба. Науката тоа постојано ни го покажува. Како што ни треба храна, така ни треба и одмор. Кога се одмараме, секој дел од нашето тело се обновува и ревитализира“, објаснува Dr. Edlund.

Што е всушност одмор? Одмор дефинитивно не е излежување пред телевизор, како што многумина мислат. Додека гледаме телевизија, мозокот и понатаму забрзано ни работи. На човекот му е потребен активен одмор, како што е дружење со пријателите, концентрирано дишење и медитација. Таквиот вид на одмор гарантира добро здравје.