• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Интерстициелна брахитерапија Печати

Интерстициелната брахитерапија често се користи во терапијата на туморите на мозокот, главата и вратот, дојката, простатата и мочниот меур.

При интерстициелната брахитерапија, радиоактивните извори се произведуваат во вид на игли, жици или зрна и подразбира внесување на радиактивен изотоп директно во туморот.

Во вид на зрна, најчесто се внесува радиоактивното злато или јод, и тоа како перманентен извор, односно внесениот радиоактивен изотоп по неговото ставање не се отстранува или заради ниската енергија која ја емитира, или пак, заради неговиот краток полуживот, бидејќи кратко време по внесувањето во организмот, тој ја губи својата активност или се исфрла преку телесните екскрети.

Исто така, во интерстицијалната брахитерапија се користат и привремни извори во вид на радиактивни жици или игли кои, по остварувањето на потебната пресметана доза се отстрануваат.

Интерстициелната брахитерапија често се користи во терапијата на туморите на мозокот, главата и вратот, дојката, простатата и мочниот меур.

Најчесто интерстициелната брахитерапија се комбинира со надворешната радиотерапија и при тоа се остварува дополнителна висока доза на остатокот од туморот.

Интерстициелната брахитерапија понекогаш може да се примени и кај рекурентната болест (повторно јавување на туморот), кога со претходно спроведената зрачна терапија е исцрпена толеранцијата на околните ткива.