• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Pazopanib - ветувачки лек за третман на агресивен диференциран рак на штитна жлезда Печати

Лекот pazopanib може да го подобри лекувањето на пациентите со метастатски, рапидно прогресивен диференциран рак на штитната жлезда, изјавиле истражувачите од клиниката Мајо, кои ги објавиле резултатите од фаза 2 клиничката студија во научниот часопис „The Lancet Oncology“.

Истражувачите проучувале 37 пациенти со најагресивна форма на овој карцином, која се јавува кај помалку од 5% пациенти со диференциран карцином на штитната жлезда. Тие откриле дека скоро половина (18) пациенти имале долготраен одговор на лекот pazopanib. Во оваа група, 12 пациенти сеуште се живи, без прогресија на болеста. Просечното преживување без прогресијата на болеста било 11.7 месеци, со вкупна стапка на преживување од 81% за година дена.

Научниците изјавиле дека овие резултати покажале најголема стапка на одговор досега кога станува збор за агресивните случаи на диференциран карцином на штитната жлезда. Меѓутоа, тие предупредуваат дека овој лек не е наменет за лекување на спорорастечките диференцирани карциноми на штитната жлезда.

Несаканите ефекти од терапијата со лекот pazopanib биле релативно благи, а вклучувале дијареа, хипертензија и поголеми концентрации на аминотрансферази во крвта. Поради овие несакани ефекти, дозите на лекот биле намалени кај 15 (41%) пациенти.

Истражувачите планирааат да ја спроведат фазата 3 од клиничката студијата кај пациентите со агресивен диференциран рак на штитната жлезда.