• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Препораки за контролни прегледи по завршување на третманот за рак на дојка Печати

Пациентите со рак на дојка, по завршувањето на третманот, треба да се следат на 3 месеци во првите 3 години, потоа на 6 месеци во наредните 2 години, а потоа еднаш годишно.

При контролните прегледи се зема детална анамнеза, се прави физикален преглед по системи и рутински лабораториски испитувања (крвна слика, седиментација, уреа, креатинин, алкална и кисела фосфатаза, хепатални ензими и електролити, посебно калциум).

Контролна рендгенграфија на белите дробови и ехотомографски преглед на абдоменот се прават на 6-12 месеци.

При постоење на сомнителен наод за рецидив или прогрес на болеста, се прават дополнителни испитувања слични како при поставување на дијагнозата.