• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Се за витаминот Ц Печати

Др.Дарко Стојановски

Опис

Витаминот Ц или аскорбинска киселина, природно го има во овошјето и зеленчукот. Витаминот се апсорбира преку цревата. Остатокот кој не може да се апсорбира се исфрла со урината. Адекватен внес на витамин Ц, по можност преку исхраната, е потребен за оптимално здравје.

Уште и во времето кога не се знаело што е витамин Ц, луѓето знаеле дека јадењето на одредени врсти овошје превенира скорбут. Витаминот Ц бил изолиран во 1930 година, а во 1934 година била произведена синтетска форма на витаминот Ц.

На сите животни им е потребен витамин Ц, но некои од нив можат сами да го синтетизираат. Луѓето заедно со мајмуните, и некои другу животни ја имаат изгубено таа способност. Кај луѓето ова се случува поради генетска мутација која го контролира ензимот кој е потребен за синтетизирање на витамин Ц.

Како резултат на тоа луѓето се целосно зависни од внесот на витаминот Ц преку исхраната, а витаминот Ц исто така не може да се депонира во организмот.

Витаминот Ц е растворлив во вода и секое количество кое не може да се искористи веднаш се исфрла со урината.

Витаминот Ц не се дистрибуира еднакво низ организамот. Надбубрежните жлезди, хипофизата, тимусот, ретината, мозокот, слезината, белите дробови, црниот дроб, тироидната жлезда, тестисите, лимфните жлезди, бубрезите и панкреасот сите тие имаат многу повисоки концентрации на витаминот Ц отколку што има во крвта.

Одредени здравствени состојби, како дијабетес и хипертензија можат да доведат до намалување на витаминот Ц. Пушачите и жените кои земаат естроген, како и старите лица исто така имаат намалени концентрации на витамин Ц.

Стресот е поврзан со дефицит на витамин Ц, исто и некои медицински и хируршки процедури. Најдено е дека при хемодијализа на пациенти со бубрежни заболувања губат 66 мг витамин Ц за време на една сесија. Слично, и пациенти кои имале трансплантација на бубрези имаат зголемен ризик за дефицит на витамин Ц.

Тежок дефицит на витамин Ц доведува до појава на скорбут, болест која во XXVII век била честа кај патниците на бродови поради недостаток на свежо овошје, и други извори на витамин Ц од исхраната. Симптомите на скорбут, вклучуваат слабост, крварење, паѓање на забите, крварење на непцата, модрици и болка во зглобовите. Полесни форми на дефицит на витамин Ц даваат понезабележливи симптоми како, губиток на тежина, замор, ослабен имун систем, хематоми и од многу мала траума кои споро заздравуваат, и бавно заздравување на рани.

Ниски концентрации на витамин Ц исто така се поврзани со висок крвен притисок , зголемен ризик од инфаркт, зголемен ризик за развој на катаракта и зголемен ризик за некои карциноми.

Употреба

Витаминот Ц е важен за превенција на болести и за одржување на здравјето.

Терапевтските ефекти од витаминот Ц вклучуваат:

  • третман на алергии и астма. Витаминот Ц го има на површината на дишните патишта, па затоа намалени концентрации на витамин Ц се поврзани со бронхална констрикција и намалена функција на белите дробови. Некои испитувања иако недоволни ги поврзуваат суплементите на витамин Ц со олеснување на симптомите од астма.
  • превенција на канцер. Витаминот Ц е познат антиоксиданс и поврзан е со намален ризик од рак на желудникот, белите дробови, дебелото црево и простатата.
  • превенција на катаракта. Испитувањата покажале дека суплементите на витамин Ц значително го намалува ризикот од развој на катаракта, посебно кај жените. Според еден извештај од 2002 година, адекватниот внес на витамин Ц кај жени постари од 60 години, го намалил ризикот од развој на катаркта за 57%.
  • продукција на колаген. Витаминот Ц учествува во синтезата на колаген, протеин кој ги сврзува клетките на сврзното ткиво. Колагенот е важен за формирање на рскавица, лигаменти, корнеа и други ткива и структури. Исто така се смета дека витаминот Ц, го забрзува заздравувањето на раните и повредите токму поради оваа улога во продукцијата на колаген.
  • превенција на болест на жолчното кесе. Според едно испитување со 13 000 испитаници, жените кои дневно земале суплементи на витамин Ц имале 34% помал ризик од развој на жолчни камења, за разлика од тие кои не земале витамин Ц.
  • зајакнување на имуниот систем. Витаминот Ц ја зголемува продукцијата на белите крвни зрнца и е важен за правилно функционирање на имуниот систем. Ниските концентрации на витаминот Ц се поврзуваат со зголемен ризик од инфекции. Затоа витаминот Ц често се препишува кај HIV позитивни лица, како заштита од инфекции.
  • неуротрансмитери и хормони. Витаминот Ц е важен во претворањето на некои супстанции во неуротрансмитери, како серотонин, допамин, и норепинефрин, кои се важни за правилно функционирање на нервниот систем. Витаминот Ц учествува во продукцијата на хормони на надбубрежната жлезда.
  • респираторен систем. Високи дози на витамин Ц можат да ги ублажат симптомите од настинка и да го намалат нејзиното времетраење. Витаминот Ц е поврзан со подобрување на функцијата на белите дробови и воопшто на респираторниот систем.
  • превенција на срцеви заболувања. Некои испитувања покажуваат дека витаминот Ц го намалува тоталниот холестерол и ЛДЛ а во исто време го зголемува ХДЛ, со што превенира од срцеви заболувања. Антиоксидантните својства на витаминот Ц се поврзани со заштита на ѕидот на артериите кај пациентите со коронарна артериска болест. Од друга страна според некои испитувања, земањето поголеми дози од 500мг дневно , го задебелува ѕидот на артериите а со тоа всушност го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Ова се должи на улогата на витаминот Ц во продукцијата на колаген. Затоа се потребни понатамошни испитувања за да точно се одредат ризиците и бенефитите од суплементите на витамин Ц. сега за сега, пациентите со историја на болест на срце трба да избегнуваат дневни дози на витамин Ц повисоки од 200мг, поради ризикот од задебелување на артериите.
  • контрола на крвниот притисок. Давањето на 500мг витамин Ц дневно, го намалило крвниот притисок кај 39 испитаници со хипертензија. Се смета дека витаминот Ц го намалува крвниот притисок преку, помагање на функцијата на азот моноксид, гас кој се произведува во организмот и ги дилатира крвните садови. Повторно, неодамнешните наоди дека витаминот Ц го задебелува ѕидот на артериите е контрадикторно на претходното и потребни се дополнителни испитувања.
  • третман на канцер. Некои научници не се согласуваат со употребата на витаминот Ц во третманот на канцер. Од една страна, испитувањата покажале дека туморските клетки го апсорбираат витаминот Ц побрзо отколку здравите клетки, бидејки ја загубиле можноста за транспорт на витаминот. Радијацијата и хемотерапијата, стимулираат оксидација и развој на слободни радикали со цел да го запрат растот на туморските клетки. Бидејки витаминот Ц е антиоксиданс, кој ги апсорбира слободните радикали, некои научници сметаат дека може да биде контрапродуктивен во третманите на канцер. Точното влијание на витаминот Ц на пациентите кои се подложени на хемотерапија не е целосно разјаснето, и затоа некои научници сметаат дека треба да се избегнуваат суплементи на витамин Ц кај пациенти кои се на ваква терапија. Од друга страна, според друга група на научници, високите дози на витаминот Ц ги заштитуваат здравите клетки и го инхибираат растот на туморските клетки. Според нив, за разлика од здравите клетки кои земаат само онолку витамин Ц колку што им е потребно, туморските клетки, продолжуваат да земаат витамин Ц во вишок, и престануваат да растат, но за ова сеуште нема in vivo контролирани клинички студии. Според сегашните извршени клинички студии, канцер пациентите треба да избегнуваат земање на суплементи на витамин Ц.

Препорачаните вредности за витамин Ц се:

  • 0 до 6 месеци АИ 40мг, од мајчиното млеко/формула
  • 7 до 12 месеци АИ 50мг
  • 1 до 3 години РДА 15мг, УЛ 400мг
  • 4 до 8 години РДА 25мг, УЛ 650мг
  • 9 до 13 години РДА 45мг УЛ 1200мг
  • 14 до 18, машки, РДА 75мг, УЛ 1800мг
  • 14 до 18, женски, РДА 65мг, УЛ 1800мг
  • постари од 19г, машки РДА 90мг, УЛ 2000мг
  • постари од 19г, женски, РДА 75мг, УЛ 2000мг
  • мажи пушачи, РДА 125мг, УЛ 200мг
  • жени пушачи, РДА 110мг, УЛ 2000мг
  • бремени жени РДА 85мг УЛ 2000мг
  • жени кои дојат РД 120мг, УЛ 2000мг

Многу видови на овошје и зелнчук, се богати со витамин Ц. тука спаѓаат: црвената пиперка, гуава, сок од портокал и црна рибизла, исто така добри извори на витамин Ц се јагодите, папајата, лимони, киви, брокула, домати итн.

Конзумирањето на 5 до 9 порции овошје или зеленчук во текот на денот, ги обезбедува потребните количества на витамин Ц. Свежото овошје и зеленчук содржи најголеми кинцентрации на витамин Ц.

На следнава листа се прикажани приближните концентации на витамин Ц содржани во некои од производите кои често се конзумираат:

  • портокал, 70мг
  • сок од портокал ¾ од чаша, 75мг
  • грејпфрут, ½, 44мг
  • сок од грјпфрут 3/4 чаша, 60мг
  • јагоди, 1 чаша, 82мг
  • папаја, 94мг
  • патлиџан, 23мг
  • црвена пиперка 141мг
  • брокула обарена, ½ чаша 62мг
  • карфиол, варен, ½ чаша, 27мг
  • компир, печен 26мг

Светлината и топлината можат да ја намалат концентрацијата на витамин Ц, затоа треба правилно да се складираат и да се избегнува предолго готвење.

Суплементите на витамин Ц се друг извор на овој витамин. Лицата кои се со ризик за дефицит на витамин Ц, како пушачите, жените кои земаат орални контрацептиви, треба да земаат витамин Ц суплементи.

Суплементите се достапни во разлишни форми, капсули, таблети, прашоци, течности.

Витаминот Ц се додава и во некои креми за кожа, енергетски пијалаци, и друга процесирана храна.

Мерки на претпазливост

Предозирање со витамин Ц може да предизвика наузеа, дијареа, грчеви во стомакот, осип на кожата, и зголемено мокрење.

Поради зголемен ризик од оштетување на бубрезите, лица кои имаат историја на бубрежни заболувања, не треба да земаат повеке од 200мг витаминЦ, дневно., и треба да се консултираат со лекар пред да почнат со земање суплементи на витамин Ц.

Несакани ефекти

Витаминот Ц може да предизвика дијареа и гадење. Во некои случаи, несаканите ефекти се намалуваат или елиминираат со подесување на дозата на витамин Ц.

Интеракции

Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо, и затоа често се препишува заедно со суплементи на железо.

Лицата кои земаат антикоагулантни медикаменти, треба претходно да се консултираат со лекар, затоа што високи дои на витамин Ц, можат да делуваат на нивната ефикасност.

Големи количини на витамин Ц можат да ги зголемат концентрациите на естроген кај жените кои земаат орални контрацептиви.

Лица кои земаат аспирин, антибиотици и стероиди исто така треба да консултираат лекар пред употреба на суплементи на витамин Ц. Овие лекарства можат да ја зголемат потребата за витамин Ц.

Високи дози на витамин Ц можат да дадат лажно позитивни резултати во тестовите за дијабет.