• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Стоматит – честа акутна компликација од хемотерапијата Печати

Стоматитот е оштетување на слузницата на усната шуплина кое се манифестира со црвенило, оток и создавање на улкуси. Овие промени доведуваат до отежнато земање на храна и течности. Голтањето е отежнато, болно и понекогаш потполно неможно. Силно изразениот стоматит може да доведе и до дехидрација, малнутриција и губиток на телесна тежина.

Стоматитот се јавува кај 40% од болните кои примаат хемотерапија, обично 5- 7 дена по нејзиното давање. Додека, пак, стоматитот се јавува кај сите болни кои се на терапија со зрачење при тумори на главата и вратот. Честотата на јавувањето на стоматитот и неговиот интензитет зависат од:

  • видот на цитостатикот (5-флуороурацил, метотрексат),
  • начинот на примената на цитостатикот (континуирана инфузија),
  • возраста и општата состојба на пациентот,
  • здраствената состојба на усната шуплина,
  • конкомитантна терапија (истовремена примена на хемотерапија и радиотерапија).

Лекувањето на стоматитот се состои од: испирање на слузницата на усната шуплина, одржување на хигиена на усната шуплина, примена на орален гел (gelclair), супортивна терапија (назогастрична сонда, парентерална исхрана), системска аналгетска терапија и примена на антимикотици и антибиотици.