• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Дали сте знаеле дека брезата е природен диуретик со многу јако дејство? Печати

Брезата е една од најдобрите диуретични билки, со многу јако дејство. Од пупките и листовите на брезата се припрема чај, кој е еден од најдобрите природни диуретици. Тој помага во исфрлањето на вишокот на водата од организмот, помага во намалувањето на отоците, кои се јавуваат поради слабост на срцето или заболувања на бубрезите.

Бидејќи чајот од бреза ја зголемува функцијата на бубрезите, односно елиминацијата на водата од организмот, тој помага и во исфрлањето на штетните отрови од телото. Според тоа, брезата е природен „чистач“ на организмот. Воедно, чајот од бреза врши и дезинфекција на мочните патишта.

Чајот од брезовите лисја не треба често да се пие, бидејќи има и други лековити билки со слично дејство во поглед на излачувањето на урината, но тој особено се препорачува за растварање на бубрежните каменчиња и за нивно побезболно исфрлање.

 

Најчитани текстови