• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
УВА, УВБ, и УВЦ зраци - Ја знаете разликата? Печати

Ултравиолетовите зраци (УВ) според нивната бранова должина може да се поделат во три групи: УВ-А (320-400 nm), УВ-Б (290-320 nm) и УВ-Ц (200-290 nm).

УВ-Ц зраците ефикасно се филтрираат од атмосферскиот озон, па според тоа имаат мало влијание на настанувањето на кожниот рак.

УВ-Б зраците само делумно се филтрираат и можат да предизвикаат изгореници, хронични кожни оштетувања и кожен карцином. Со оштетување на озонската обвивка и изложеноста на овие зраци е уште поголема.

УВ-А зраците се користат во солариумите за потемнување на кожата, но и тие предизвикуваат дополнителни оштетувања, покрај оние предизвикани со УВ-Б зраците.