• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Ароматерапија при третман на канцер

Ароматерапија

Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата...
Yoga

Јога - равнотежа на духот и телото

Јогата е повеќе од 3500 години старо учење, кое е утемелено во индиската култура и филозофија. Таа претставува комплексен состав...
Како се применува аромотерапијата

Постојат бројни начини на примена на есенцијалните масла поради нивните лековити својства. Во ароматерапијата, етеричните масла се внесуваат во организмот на два начина: со вдишување и преку кожата.

Главниот критериум за избор на етеричното масло и припремање на мешавината за лечење е да лицето на кое е тоа наменето го сака тој мирис. Постојат видови на масла со исти или слични терапевтски својства, па не е тешко да се направи смеса која ќе мириса пријатно за секој пациент одделно, а истовремено и ќе лечи.

Бидејќи ароматичните масла се концентрирани, тие никако не смеат да се ставаат директно на кожата. Тие се обично раствараат во т.н. неутрални масла или т.н. подлоги. Освен што ги разредуваат етеричните масла, овие неутрални масла добро делуваат на кожата. Како универзални подлоги можат да послужат маслиновото масло (за нормална и сува кожа) и сончогледовото масло (за масна кожа).

За сува и нормална кожа како подлога се препорачува и масло од пшенични клици, авокадово и лешниково масло, а за масна кожа се препорачува бадемово масло, како и масло од семки од грозје или праска.

Саканата смеса најлесно се припрема ако се земе шишенце од 10мл со капалка, во кое може да се помешаат на пример, 10 капки од секое избрано ароматично масло. Обично не треба да се мешаат повеќе од 5 различни ароматични масла. Оваа смеса може да се користи за купки, масажа, инхалација или облоги.

ЗАПОМНЕТЕ:

Не треба да се употребат повеќе од 10 капки од смесата, бидејќи кај ароматерапијата не важи изреката „од повеќе, глава не боли“.