• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Локално ширење на ракот на дојката Печати

Локалното ширење на ракот на дојката се одвива со:

  • директна инфилтрација во ткивото (паренхимот) на дојката;
    Директната инфилтрација се одвива во вид на разгранета мрежа, која има карактеристичен sвездест изглед. Со тек на време доаѓа и до директно зафаќање на кожата над малигниот процес и/или зафаќање на длабоката градна (пекторална) фасција. Така доаѓа до фиксација на малигната промена за мускулите и sидот на градниот кош.
  • вдолж каналчињата на дојката (мамарни каналчиња);
    Ширењето долж мамарните каналчиња често е запазено и може да опфати голем дел на дојката.
  • преку лимфатиците на дојката;
    Ширењето може да настане и преку богатата мрежа на лимфни садови во дојката. Нагласено е лимфатично ширење вертикално надолу, до лимфната мрежа на пекторалната фасција под дојката, како и ширење до централното подрачје околу брадавката.

Овие мултипни механизми на ширење низ дојката ја истакнуваат можноста за присуство на рак во дојката и надвор од палпабилниот примарен тумор т.н. мултицентричност на туморот на дојката.