• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Ароматерапија при третман на канцер

Ароматерапија

Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата...
Yoga

Јога - равнотежа на духот и телото

Јогата е повеќе од 3500 години старо учење, кое е утемелено во индиската култура и филозофија. Таа претставува комплексен состав...
Етерични масла групирани според основните терапевтски својства

Мирисните екстракти од растенијата (етеричните масла) низ векови, па и денес, се користат за лековити цели. Така, додека лавандата релаксира и смирува, еукалиптусот го бистри умот и дава енергија.

Мирисот на лавандата не успива, мирисот на лимонот не разбудува, мирисот на циметот не прави креативни, ружата не смирува, а ванилата не охрабрува.

Овде може да ги видите основните тераписки својства на некои растителни екстракти (етерични масла).

  • Намалување на болка предизвикуваат: бергамот, џумбир, лаванда, мајоран, мелиса, римска камилица и рузмарин.
  • Антидепресивно дејство имаат: бергамот, камилица, иванско цвеќе, гераниум, јасмин, лаванда, мелиса, дероли, ружино дрво, кедар, јиланг-јиланг, сандал, портокал.
  • Антивоспалително дејство: бергамот, камилица, еукалиптус, мелиса, мента, иванско цвеќе, сандал.
  • Антисептици се: сите ароматични масла, во помала или поголема мерка делуваат антисептички. Сепак најефикасни се: бергамот, еукалиптус, боровница, лаванда, рузмарин, сандал, цимет.
  • Бактериостатски ефект имаат: баргамот, еукалиптус, боровница, лаванда, рузмарин.
  • Антивирусно делување имаат: лимон, лаванда, гераниум, бибер и еукалиптус.
  • Фунгицидно дејство (за лекување на габични заболувања) имаат: лаванда, мирта, гераниум, лимон.
  • Забрзано заздравување на рани: бергамот, камилица, лаванда, мирта и чајевац.
  • Дуиретици: камилица, кедар, чемпрес, темјан, гераниум, боровница, рузмарин, сандал, бергамот.
  • Подобрување на варењето: бибер, нероли, џумбир, боровница, лаванда, лимон, мандарина, мајоран, нане, камилица, рузмарин.
  • Седативно (смирувачко) дејство: камилица, лаванда, нероли, мајоран, јиланг-јиланг, чемпрес, боровница, бергамот, темјан, мелиса, рузмарин, иванско цвеќе, нерли и сандал.
  • Антихипертензивно дејство: лимон, лаванда, мајоран, мелиса, иванско цвеќе, јиланг-јиланг.
  • За низок крвен притисок: рузмарин, иванско цвеќе, изоп.
  • За хормонска равнотежа: нероли, иванско цвеќе, чемпрес, лаванда, лимон, бор, камилица, сандал, гераниум.
  • Поттикнување на регенерацијата: Регенерацијата ја поттикнуваат повеќето ароматични масла, а особено: лаванда, мирта и темјан.
  • Тонизирачко дејство: Тонизирачки делуваат (го зајакнуваат организмот или некои негови органи): босилок, бибер, камилица, темјан, гераниум, боровница, лаванда, мајоран, мирта, мелиса, нероли.
  • Стимулативно дејство (ја зголемуваат општата активност на организмот или на поедини органи): бибер, еукалиптус, гераниум, мента, рузмарин, нероли, џумбир, мелиса, камилица, јиланг-јиланг.
  • Ја намалуваат телесната температура: бергамонт, камилица, еукалиптус, мелиса, чаевец и мента.
  • Ја смируваат кашлицата: сандал, лаванда, темјан, бор, елка, гераниум.
  • Го зајакнуват нервниот систем: камилица, лаванда, мајоран, мелиса, румарин и изоп.
  • Го зајакнуваат имунитетот: лаванда, чаевец и повеќето други ароматични масла.
  • Ја зголемуваат мисловната активност: босилок, рузмарин, мента, лимон и бергамонт.