• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Како се добиваат етеричните масла? Печати

Етеричните масла го зајакнуваат имунитетот на организмот, стимулирајќи го создавањето на бели крвни зрнца, кои се природни борци против инфекциите и многу други заболувања. Освен тоа, нивните мириси, преку хипоталамусот, делуваат на душевната состојба и создаваат чувство на хармонија и добро расположение. Тие ја подобруваат концентрацијата и работната способност. Против уморот најдобро делува етеричното масло од цимет, бор и рузмараин, а за подобрување на концентрацијата етерично масло од мандарина.

Но, како се добиваат етеричните масла?

Етеричните масла се добиваат со дестилација, процес кој бил пронајден уште пред 2500 години во Индија. Човекот тогаш пронашол како од растенијата да ја земе суштината - душата и мирисот. Процесот на дестилацијата е прилично едноставен. Растенијата (листовите, гранчињата, коренот, смолата) се затвораат во сад под кој се пали оган. Со загревањето на садот се создава пареа која со себе ќе ги земе и активните соединенија и мирисите во цевчињата за ладење. Во нив доаѓа до кондензација и претворање на пареата во смеса од вода и етерични масла кои пливаат на нејзината површина. Така, на едната страна се одвојува водата, а на другата етеричното масло.

За добивање на неколку капки етерично масло потребна е голема количина на растителен материјал. Старите цивилизации знаеле дека е тоа суштината на растенијата и знаеле да ги ценат тие неколку капки.

Со оглед дека претставуваат јаки концентрати од растенијата, тие треба многу внимателно да се применуваат. Тие не се користат како концентрирани масла, туку се разблажуваат со други неутрални масла како бадемово и други. Во спротивно тие може да доведат до несакани последици како: изгореници, алергиски реакции, мачнина, вртоглавица, па дури и труење.

 

Најчитани текстови