• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Ароматерапија при третман на канцер

Ароматерапија

Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата...
Yoga

Јога - равнотежа на духот и телото

Јогата е повеќе од 3500 години старо учење, кое е утемелено во индиската култура и филозофија. Таа претставува комплексен состав...
Инхалација на етерични масла

Инхалациите се добар начин на примена на етеричните масла за сите болести, но не се препорачуваат кај пациенти со астма или со други болести кои се поврзани со тешкотии во дишењето.

Дали сте знаеле дека само 5 минути вдишување на етерично масло од лаванда, може да го намали за 24 % кортизолот, хормонот кој предизвикува стрес. Ова е одлична вест бидејќи кортикозолот предизвикува зголемување на крвниот притисок и намалување на имунитетот. Вдишувањето на мирисот на лаванда го потикнува исфрлањето на слободните радикали од организмот, кои штетно влијаат на здравјето на човекот и може да предизвикаат многу сериозни заболувања, како што е и ракот. Преку дишните патишта овие супстанции навлегуваат во организмот.

Инхалацијата може едноставно да се изведе само со отворање на капачето од шишенцето и длабоко вдишување на мирисот. Ова е многу ефикасен начин и може да се применува било кога и било каде.

Инхалацијата може да се спроведува и со помош на арома испарувач. Тој има мал резервоар кој се полни со вода и се загрева со извор на топлина. Со додавање на 6-10 капки на ароматично масло во водата во резервоарот на арома испарувачот, ароматичните испарувања се шират во просторијата како што водата се загрева.

Природен освежувач во просторијата во која се работи или престојува може да се направи кога во 4 дл. вода ќе се додадат 50 капки ароматично масло и ќе се стави во флашичка со распрснувач. Потоа се прска во просторијата. Ова многу пријатно влијае на расположението и доведува до намалување на стресот и болката.