• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Дијагностичка постапка: Сцинтиграфија на бубрег Печати

Диуретичка сцинтиграфија на бубрегот

Оваа дијагностичка постапка се изведува со давање на диуретик (средство за мочање), кога постои сомневање за препрека во бубрежниот канален систем (опструктивна уропатија). Целата дијагностичка процедура трае 30 минути, а во 15- тата минута се аплицира диуретик во вена. Потоа се прават низа снимки и се прати одговорот на каналниот систем на бубрегот на дадениот диуретик. Според тој одговор се проценува и степенот и видот на опстукцијата (зачепеноста) на бубрежните канали.

Статичка сцинтиграфија на бубрегот

Оваа дијагностичка процедура служи за прикажување на изгледот и функцијата на бубрегот. При оваа постапка се користи маркер, кој се депонира во кората на бубрегот.

Со статичката сцинтиграфија на бубрегот се проценува: големината, положбата, подвижноста на бубрегот и се гледаат локализираните промени во бубрегот. Така, со оваа метода може да се откријат: бенигните и малигните тумори на бубрегот, полицистичните болести на бубегот, инфарктот на бубрегот, како и одредени конгенитални аномалии на бубрегот: потковичест и ектопичен бубрег.

Оваа дијагностичка метода се покажала како многу сензитивна метода за откривање на лузни во бубрежната кора, кои се јавуваат како последица на акутен и хроничен пиелонефритис, посебно во детската возраст. За снимање најчесто се употребува димеркаптојантарна киселина обележена со технициум (Tc-99m-DMSA), која се аплицира во вена и која се депонира во кората на бубрегот. По 2 до 4 часа од аплицирањето на контрастот, се започнува со снимањето на пациентот, кој лежи на посебен кревет, под апаратот за снимање. Снимањето се изведува во две проекции (положби): од напред и од позади, во подрачјето на бубрегот.

Битна предност на оваа дијагностичка метода над ултразвукот и КТ (компјутерската томографија) е можноста за проценка и на функцијата на бубрегот, а не само проценка на неговиот изглед, бидејќи количината и распореедот на маркерот во бубрежната кора зависи од очуваната функција на тубуларните клетки на бубегот.