• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Умереното консумирање кафе позитивно делува на срцето

Пиењето една до две шољи кафе дневно позитивно влијание врз срцето, покажуваат најновите истражувања на грчките научници. Било утврдено дека умереното консумирање на омилениот топол напиток ја зголемува еластичноста на крвните садови, па дури и кај луѓето кои патат од висок крвен притисок.

Неодамнешните резултати од истражувањето укажуваат на тоа дека постарите луѓе кои пијат умерени количини кафе имаат поеластични крвни садови околу срцето.

Студијата опфатила околу 700 постари лица од островот Икариј во Егејското море, каде повеќе од третина жители имаат 90 години и повеќе.

Истраживачите од Универзитетот во Атина се фокусирале на 485 лица кои имале покачен крвен притисок. Тие ја испитувале состојбата на нивните крвни садови. Било откриено дека пациентите кои пиеле једна до две шољи кафе дневно имале поеластични крвни садови во споредба со оние кои воопшто не пиеле кафе.

На конгресот на Европското здружение на кардиолози, одржано во Стокхолм, резултатите од ова истраживање ги презентирала Др. Кристина Крисохоу.

„Студијата откри дека умереното конзумирање кафе може да се поврзе со поголемата еластичност на крвните садови, кога ќе се спореди со лицата кои имаат проблем со хипертензијата, а кои малку или воопшто не пијат кафе“, изјавила Др. Крисохоу.

„Меѓутоа, нема докази дека зголеменото консумирање кафе, на 3 до 5 шољи дневно, би допринело за уште поголема еластичност на крвните садови“, напоменала грчката научничка.

Поголемата количина кафе дополнително не ја подобрила состојбата на крвните садови, најверојатно поради тоа што вишокот на кофеинот, кој инаку ги стеснува крвните садови, ги поништува благотворните ефекти.

Др. Крисохоу истакнала дека умерени количини кафе би требало да пијат и лицата со покачен крвен притисок, бидејќи било утврдено дека на тој начин се забавува стареењето на артериите.

Во текот на истражувањето, грчките научници ги земале во предвид и останатите фактори на ризик, како што се староста, полот, физичката активност, телесната маса и дијабетот.

Било утврдено дека умереното консумирање на кафе може да го намали и ризикот од дијабет, од висок холестерол, дебелина и проблеми со бубрезите.

Некои британски научници, од друга страна, напоменуваат дека треба да се земат во предвид специфичностите на регионот во кој било спроведено истражувањето. Од порано е познато дека т.н. медитеранска исхрана е најздравиот начин на исхрана. Исто така, животот во оддалечениот грчки остров не е така стресен како во големите развиени градови.

„Да се тврди дека просечниот менаџер во некоја британска компанија треба да пие повеќе кафе за да го намали крвниот притисок е нонсенс“, изјавил Др. Џереми Пирсон, заменик директор на Британската фондација за срце.

Сепак, треба да се напомене дека денес кафето е една од најиспитуваните намирници во светот и дека се откриваат се повеќе негови благотворни дејства. Секако, само ако се консумира во умерени количини.

 

Најчитани наслови