• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зеаксантин - јак антиоксиданс Печати

Зеаксантин е каротеноид кој, како и лутеинот, ги штити очите од развој на макуларна дегенерација на ретината, која е индуцирана од слободните радикали.

Како и другите каротеноиди, така и зеаксантинот е јак антиоксиданс и природен заштитник против различни видови на рак. Тој го „чисти“ организмот од слободните радикали и го забавува растот на клетките на ракот.

Научните истражувања покажале дека зголемениот внес на одредени материи со истраната, како што се лутеинот, зеаксантинот, бета-криптоксантинот, витаминот Ц, може да го намали ризикот од инфекција со Хуманиот папилома вирус (ХПВ). Ризикот од ХПВ инфекција бил намален за 56% во групата испитаници кои најмногу внесувале лутеин и зеаксантин, во споредба со испитаниците кои најмалку ги внесувале овие материи со исхраната.

Зелениот лиснат зеленчук е богат природен извор на зеаксантин и лутеин.