• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Лутеин – моќен антиоксиданс Печати

Луѓето кои консумираат зелен зеленчук имаат 57% помал ризик од старечко слепило во споредба со оние кои не консумираат доволно зелен зеленчук.

Дури последниве десетина години е откриено дека лутеинот во зелениот лиснат зеленчук и пченката поволно делува на видот, т.е. ја спречува макуларната дегенерација на ретината (старечко слепило), која е карактеристична за старите лица.

За добивање на потребната дневна количина на лутеин подобро е да се консумира варен отколку свеж зеленчук. Со варењето на зеленчукот, организмот подобро го апсорбира лутеинот.

Сепак, тоа не значи дека лутеинот е лек. Како и сите други каротеноиди, лутеинот е јак антиоксиданс. Организмот неможе сам да го синтетизира, а тоа значи дека мора да се внесува со исхраната.

Како делува лутеинот?

Двете природни жолто-портокалови бои, лутеин и зеаксантин, се составен дел на мрежницата на окото, но лутеинот е од клучно значење за спречување на болеста позната како макуларна дегенерација (ARMD).

Лутеинот кај животните и човекот, уништувајќи ги слободните радикали, ја штити чувствителната структура на мрежницата (макула) од фотооксидацијата. Лутеинот ги апсорбира штетните УВ зраци од сонцето.

Најновата студија утврдила дека лицата кои консумираат големи количини на зелен зеленчук имаат за 57% помал ризик да развијат макуларна дегенерација на мрежницата во споредба со оние лица кои недоволно консумираат зелен зеленчук. Недостатокот на лутеинот ви исхраната е поврзан со развојот на катаракта.

Не било лесно да се докаже позитивниот ефект на лутеинот. Дури со истражување е измерено дека мора да се консумираат 5 оброци на спанаќ неделно за да се осигураат 6 милиграми лутеин. Тоа е истовремено сосема доволно за да се намали ризикот од макуларна дегенерација на ретината за 57%.

Дозирање

Врз основа на истражувањата, истражувачите препорачуваат околу 6 милиграми лутеин дневно, како солидна заштита на видот. Слично како кај ликопенот, за подобра апсорпција на лутеинот, се препорачува земање на лутеин заедно со оброци на храна во кои има масти (супи и варива).

За добивање на адекватна дневна количина на лутеин, подобро е да се консумира варен отколку свеж зеленчук. После варењето, клетките на зеленчукот се отвараат и организмот полесно го апсорбира лутеинот. За да се обезбеди препорачаната дневна доза од 6 милиграми лутеин, потребно е да се консумира голема количина на зелен зеленчук.