• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Истражување: Морковот и целерот во борба против ракот

Постојат бројни истражувања кои го докажале позитивниот ефект на овошјето и зеленчукот во зачувувањето на здравјето.

Научниците велат дека консумирањето на 5 порции овошје и зеленчук дневно најдобро го снабдува телото со нутритиенти, кои му се потребни во борбата со оксидативниот стрес, молекули на слободни радикали кои можат да предизвикаат многу хронични заболувања, вклучувајќи го и ракот.

Податоците од најновото истражување покажале дека редовното консумирање на морков и целер може да ја спречи појавата на малигни болести за дури 60%.

Истражувањето, во кое учествувале 700 испитаници, покажало дека испитаниците кои најмногу консумирале овошје и зеленчук имале значително помал ризик за развој на рак, во споредба со оние кои најмалку консумирале. Овие резултати биле еднакви и за пушачите и за непушачите.

Испитаниците кои јаделе најголеми количини на целер и морков, го намалиле својот ризик за рак дури за 60%.

Целерот е древна лековита намирница и одличен извор на витамин К и Ц, калиум, фолна киселина и влакна. Целерот содржи и молибден, манган., витамини од групата Б (Б1, Б2, Б6) калциум, фосфор, железо и триптофан. Со глед дека содржи натриумот комплекс, целерот е одличен и за намалување на киселините во желудникот.

Традиционално, целерот се употребува за лекување на многу заболувања. Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи целерот, оваа билка се смета за многу здрава и лековита.

Коренот на целерот и семето се користат за лечење на благи форми на анксиозност и вознемиреност, замор, кашлица, губиток на апетитот. често се користи при потежкотии при варењето на храната, при заболувања на желудникот и цревата. Целеерот е корисен е и за дијабетичарите.

Целерот има благо диуретично дејстсво, слично како и магдоносот.Поради диуретичното дејство, целерот може да се употребува против: реума, гихт, артрит, песок и камен во бубрезите и во мочниот меур, при воспаленија на мочните патишта, при целулит и преголема телесна тежина, при астма, воспаление на белите дробови, при болести на нервите. Против овие болести целерот делува превентивно, па треба почесто да се консумира.

Поради тоа што ја поттикнува работата на бубрезите и го исфрла вишокот на течноста од организмот, целерот е добар и за лицата со отоци, кои се предизвикани од кардиоваскуларни заболувања.

Целерот ги отстранува отровите од телото, помага во регулација на високиот крвен притисок, делува поволно при заболувања на црниот дроб и жолчка и помага во регулирањето на шеќерот во крвта, поради што им се препорачува на дијабетичарите.

Целерот ги чисти забите од наталожени бактерии. Тој е природен чистач на организмот и се користи за детоксикација на телото. Ја зајакнува крвта и циркулацијата во телото.

Морковот е најпозната намирница за заштита на видот. Морковот содржи големи количини на бетакаротин и пектин, кои се јаки антиоксиданси и го чуваат здравјето на организмот.

Морковот во себе содржи многу витамини и минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.

Истражувањата покажале дека морковот може да го намали ризикот за белодробни заболувања дури за 50%.

Морковот содржи во просек околу 3 милиграми бетакаротин, а секојдневната консумација на овој зеленчук богат со влакна, го намалува ризикот од рак на дебело црево за околу 24%.

 

Прочитајте и: