• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Брокулата го одржува здравјето на срцето и крвните садови

Брокулата е зелен зеленчук, кој се почесто е застапен во нашата македонска кујна.

Брокулата е права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е; минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.

Многу истражувања го потврдиле позитивното ефект на брокулата во одржувањето на здравјето на срцето и крвните садови.

Консумирањето брокула го зајакнува срцето и ги прави крвните садови поеластични, со што се подобува и циркулацијата на крвта во организмот. На тој начин, брокулата не штити од кардиоваскуларни заболувања, велат светските лекари, кои советуваат секојдневно консумирање на брокула.

Брокулата го зголемува производството на ензими кои го штитат срцето од разни оштетувања.

Познато е дека пет помали порции зеленчук дневно го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, а според резултатите од најновите истражувања, барем еден од тие оброци треба да биде со лесно сварени брокули, но брокулата може да се јаде и сирова, во вид на салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло.

Брокулата изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и овозможува да се елиминира вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ги елиминира токсините од организмот и го растеретува срцето. Таа ја намалува и спречува слабокрвноста, бидејќи содржи железо и фолна кислеина, како и витамини од групата Б.

Луѓето кои јадат брокули имаат значително пониско ниво на холестерол, кој е главна причина за развој на атеросклероза, а со тоа и за настанување на срцев и мозочен удар.

Познато е дека консумацијата на брокули и слични видови зеленчук го намалува ризикот од срцев и од мозочен удар, пишува „American Journal of Respiratory and Critical Care Medicine“.

 

Прочитајте и: