• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
NICE препораки: капецитабин во третман на напреднат рак на желудник Печати

Во нацртот препораки на NICE (National Institute for Health and Clinical Excellence) од Велика Британија, се препорачува лекот капецитабин за лекување на напреднатиот рак на желудникот.

NICE, во своите препораки за лекување на ракот на желудникот, го стави лекот капецитабин во комбинација со третманот базиран на цисплатин, како прва линија на лекување на неоперабилниот напреднат рак на желудник.

Во Велика Британија, од рак на желудник заболуваат 8 200 луѓе годишно. Во моментов, пациентите со неопарабилен напреднат рак на желудник се лекувааат со цитостатски протоколи базирани на лекот 5-флуороурацил, кои се даваат во вид на интавенски инфузии и како прва линија на третман.

Dr. Carole Longson, директорка на „Health Technology Evaluation Centre“ во NICE, вели:

„Оралните третмани базирани на капецитабин се ефикасни исто колку и третманите базирани на 5-флуороурацил, кои во моментов се користат за лекување на ракот на желудникот. При лекување со капецитабинот, пациентите не мора често да одат во болница, бидејќи овој третман е во вид на таблети. Овие препораки се добра вест за пациентите со неоперабилен напреднат рак на желудник“.