• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Недостатокот на цинк предизвикува депресија? Печати

Честите промени на расположението, кои се покарактеристични за жените, се последица на недоволен внес на цинк, тврдат јапонските научници.

Научниците истакнуваат дека е потребно секојдневно да се земаат 7 милиграми на цинк глуконат како додаток на исхраната, што е доволно да се после одредено време отстранат психолошките проблеми, кои се манифестираат низ чести промени на расположението.

Јапонските научници дошле до овој заклучок после десетнеделното истражување во кое учествувале 30 млади жени. За тоа време испитаничките редовно консумирале цинк глуконат, а после 10 недели било утврдено зголемување на нивото на цинкот во крвта, што позитивно влијаело на нивното расположение,. Кај испитаничките се намалило чувството на лутина, нерасположението и депресијата.