• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 3 Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Радиотерапија
Хемотерапија
Сите страници

Хемотерапија

Цитостатската терапија се применува во третманот на карциномот на желудникот. При тоа, таа може да се спроведува како: постоперативна (адјувантна) и како предоперативна, како и за лекување на метастаската болест.

Постоперативната хемотерапија се аплицира кога хистолошкото изледување на оперативниот материјал укажува на висок ризик за рецидивирање или метастазирање на болеста.

Предоперативната хемотерапија т.н. неоадјувантна хемотерапија има за цел да го намали туморот и со тоа да го доведе во операбилна состојба.

Пред започнувањето на хемотерапијата, неопходно е хистолошко дијагностицирање на туморот, за да може да се спроведе адекватно лекување. Така, иако лимфомите на желудникот се јавуваат многу ретко, нивниот третман сосема се разликува од оној на аденокарциномот на желудникот.

Во изминативе триесет години главна улога во хемотерапијата на аденокарциномот на желудникот има 5-fluorouracil кој во почетокот бил употребуван самостојно, како монотерапија, а подоцна и во комбинација со други цитостатици (полихемотерапија).

Најчесто користена полихемотерапија е комбинацијата на 5-fluorouracil, mitomycin (CM-протокол) или комбинација на трите цитостатици: 5-fluorouracil, mitomycin и adriamycin (FAM-протокол).

FAMTX- протоколот (5-fluorouracil, mitomycin, adriamycin и methotrexate) дава подобар одговор, но истовремено е и значително потоксичен.

Во последнава декада, 5-fluorouracil-от се аплицира заедно со фолна киселина, за која е докажано дека го потенцира дејството на 5-fluorouracil-от. Различни автори препорачуваат и применуваат режими со ниски, средни или високи дози на фолна киселина.

Во поновите иследувања се вклучени и цитостатиците од поновата генерација.

Несомнено е дека примената на цитостатската терапија во третманот на метастатската болест дава одговор, но неговото траење е кратко (пократко од 6 месеци), а постигнување на комплетна ремисија е многу ретко.

Во однос на адјувантната примена на цитостатската терапија, и покрај неколкуте грижливо водени студии, сé уште нема дефинитивна потврда за бенефитот постигнат со кој било од користените комбинирани режими.