• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми Печати

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент ооделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Утврдувањето на стадиумот на болеста се состои од: клиничко испитување, лабораториски испитувања на крвта, тестови за функцијата на црн дроб и бубрезите.

За одредување на стадиумот на болеста се користат и рендгенографијата на граден кош и компјутеризирана томографија на абдомен, како и ендоскопијата. Ендоскопски ултразвук и лапароскопија можат да помогнат за оптимално одредување на ресектабилноста.

Стадиумот се дава во согласност со TNM системот и AJCC стадиумско групирање.

Алтернативниот јапонски хируршки систем за утврдување на стадиумите ја зема предвид инвазијата на серозата, наместо Т-стадиумот. Овој систем користи различни дефиниции за N-стадиумите и го зема предвид и ширењето на перитонеалните и хепаталните метастази.

TNM класификација

T - примарен тумор

TX: примарниот тумор не е можно да се процени;

T0: нема доказ за присуство на примарен тумор;

Tis: carcinoma in situ: интраепителијален тумор без инвазија на lamina propria;

T1: туморот ја зафаќа lamina propria или субмукозата;

T2: туморот ја зафаќа muscularis propria или субсерозата;

T2a: туморот ја зафаќа muscularis propria;

T2b: туморот ја зафаќа субсерозата;

T3: туморот ја пробива серозта (висцерален перитонеум), без зафаќање на околните структури;

T4: туморот ги зафаќа околните структури (слезенката, дебелото црево, црниот дроб, дијафрагмата, панкреасот, абдоминалниот sид, надбубрежните жлезди, бубрегот и друго);

N - нодален регионален статус

NX: регионалните лимфни јазли не можат да се испитаат;

N0: не постојат метастази во лимфните јазли;

N1: метастази во 1 до 6 регионални лимфни јазли;

N2: метастази во 7 до 15 регионални лимфни јазли;

N3: метастази во повеќе од 15 регионални лимфни јазли;

M - оддалечени метастази

MX - дистантните метастази не можат да се испитаат;

M0 - нема дистантни метастази;

M1 - присутни дистантни метастази;

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

Gx - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

Утврдување на стадиуми во согласност со TNM системот и AJCC стадиумското групирање

AJCC-стадиумско групирање

Стадиум 0

Tis, N0, M0

Стадиум IA

T1, N0, M0

Стадиум IB

T1, N1, M0

T2a, N0, M0

T2b, N0, M0

Стадиум II

T1, N2, M0

T2a, N1, M0

T2b, N1, M0

T3, N0, M0

Стадиум IIIA

T2a, N2, M0

T2b, N2, M0

T3, N1, M0

T4, N0, M0

Стадиум IIIB

T3, N2, M0

Стадиум IV

T4, N1, M0

T4, N2, M0

T4, N3, M0

T1, N3, M0

T2, N3, M0

T3, N3, M0

било кое T, било кое N, M1