• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
FDA гo одобрила Cabazitaxel за метастатски хормонски независен рак на простата

NEW YORK - 17. јуни 2010 - US Food and Drug Administration (FDA) ги одобрила cabazitaxel инекциите во комбинација со prednizon за лекување на пациенти со напреднат хормонски независен рак на простата, кои претходно биле лекувани со docetaxel – базирана терапија.

Одобрувањето на оваа комбинација на cabazitaxel и prednizon/prednizolon се темели на резултатите од фазата 3 студијата „TROPIC“.

TROPIC студија

Резултатите од фаза 3 клиничката студија, која ја испитувала ефикасноста на лекот Cabazitaxel кај пациентите со напреднат хормонско независен рак на простата, покажале дека цитостатикот Cabazitaxel даден во комбинација со prednizon/prednizolon значително го подобрува вкупното преживување кај пациентите so метастатски (напреднат) и хормонски независен рак на простата, кај кои болеста напредувала после давањето на првата линија на хемотерапија со docetaxel и prednizolon.

Клиничката студија „TROPIC“ ја споредувала комбинацијата на cabazitaxel плус prednizon/prednizolon со активниот агенс mitoxantron плус prednizon/prednizolon.

„Кај многу пациенти со метастатски хормонски независни карциноми на простатата, болеста напредува и покрај претходно дадената терапија. Моментално не постои одобрена терапија за лекување на овие пациенти, кои ќе покажат прогресија после спроведувањето на првата линија на хемотерапија. Тоа значи дека, до сега, нема одобрена втора линија на хемотерапија за оваа група на пациенти“, изјавиле истражувачите.

„Ова се значајни резултати во развојот на овој експериментален лек“ изјавилe Dr. Oliver Sartor, главен истражувач за територијата на Северна Америка и професор за истражување на ракот на „Tulane Medical School“, New Orleans.

Во ова клиничка студија се покажа подобро вкупно преживување кај овие пациенти со агресивна форма на рак на простата, кој е тежок за лекување.

Клиничката студија „TROPIC“ е дизајнирана да процени дали експерименталниот лек е ефикасен за пациентите со метастатски рак на простата и хормонски независен, кои претходно биле лекувани со прва линија на терапија со docetaxel и кои потоа станале резистентни и на оваа терапија, поради што карциномот продолжил да напредува.

Според тоа, оваа студија покажала дека комбинацијата cabazitaxela и prednizona/prednizolona е ефикасна и како втора линија на хемотерапија, по неуспехот на првата линија. Со одобрувањето на лекот од страна на FDA, тој ќе може да се користи во третманот на пациентите со метастатски, хормонски независен рак на простата.