• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лососот богат со витамин Д и омега-3 масни киселини

Лососот е риба богата со омега–3 масни киселини и витамин Д и би требала да биде на списокот на лековити намирници. Бидејќи лососот е навистина тоа - вкусна и лековита намирница.

Секое ново истражување само потврдува дека консумирањето на лосос го намалува крвниот притисок и помага во спречување на срцевите болести.

Истражувачите од Универзитетот Сан Диего изјавиле дека поголемиот внес на омега-3 масни киселини поволно делува на коските, односно ја зголемува нивната густина и тие стануваат појаки и поотпорни, и постојат помали шанси за појава на скршеници.

Ако не го сакате вкусот на лососот, тогаш обидете се да го зголемите внесот на омега-3 масните киелини јадејќи некои други видови на риба, како туна, скуша, сардина.

„Сите овие риби обилуваат со високи количини на омега-3 масни киселини. Лицата, кои редовно ги консумираат, имаат понизок ризик од срцев удар, хипертензија и мозочен удар“, изјавила Dr. Jennifer Sacheck.

Друга хранлива материја која ја добиваме со консумирање на лосос е Витаминот Д.

Студиите покажале дека голем број на луѓе ширум светот имаат недостаток на овој витамин во својот организам.

„Тоа е причина за голема загриженост, бидејќи витаминот Д е најважен елемент во изградбата на коските. Тој ги прави јаки и отпорни и штити од развој на остеопороза. Зимно време, многу луѓе не добиваат витамин Д доволно преку сонцето и затоа тие треба повеќе да го внесуваат со конумирање на намирници е богати со овој витамин“, изјавиле научниците.

 

Прочитајте и: