• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Трамадол ретард - бавно ослободувачки трамадол за умерена и јака болка Печати

Значителен фармаколошки напредок денес претставува споро ослободувачкиот трамадол кој овозможува 24 часовна аналгетска концентрација на лекот во серумот со дозирање еднаш дневно (на 24 часа).

Аналгетскиот ефект започнува по 35 минути од неговата примена и трае околу 9 часа. Во следењето на повеќе илјади пациенти со различна болка, трамадол ретард покажал добро делување со околу 60% одговор.

Во една краткотрајна мултицентрична отворена студија испитувана е ефикасноста и подносливоста на трамадол ретард кај болни кои имаат болка од различно потекло.

Направен е релативно едноставен протокол за пратење на ефикасноста и подносливоста на трамадол ретард како за лекарот, така и за пациентите. Во студијата учествувале 57 лекари од различни профили. Лекот бил ординиран 2 пати по 100 мгр дневно со можност за дополнителна примена на капки или капсули.

Во студијата биле вклучени вкупно 299 пациенти и тоа 172 (57.5%) жени и 127 (42.5%) мажи со болка од различно потекло, на возраст од 17 до 90 години (просечна возраст 60 години).

Мускулноскелетна болка имале 177 болни, канцерска 58, постоперативна 44, додека 20 пациенти имале болка која не можела да се стави во ниту една од овие три категории.

Резултатите од студијата окажале дека почетокот на аналгезијата бил по 45 минути од земањето на лекот. А траењето на аналгезијата било просечно 9 часа. Према проценката на болните, квалитетот на аналгезијата бил добар или многу добар кај 76.4% од болните. Кај 83% од болните (247) за постигнување на квалитетна аналгезија била доволна доза од 200 mgr.

Квалитетната аналгезија се очитува во продолжениот сон без болка, особено во првата недела од примената на лекот. На почетокот на лекувањето 102 пациенти спиеле повеќе од 3 часа, а веќе кон крајот на првата недела бројот на пациентите бил поголем-208. Во втората и третата недела, должината на сонот останала стабилна. Активностите во секојдневниот живот на пациентите исто така се подобриле, односно занчително се подобрил квалитетот на животот на пациентите.

Заклучок

Оваа студија покажала дека трамадол ретард во доза 2 пати по 100 мгр дневно дал аналгетски ефект кај 97% од пациентите. Алагезијата настапува релативно брзо по примањето на лекот, по 45 минути, а трае опросечно 9 часа. Поднсивоста на лекот е добра, а несаканите ефекти биле почести во тек на првата недела од неговата примена.