• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Предности на контролирано ослободувачката формула на оксиконтинот Печати

Оксиконтинот долго време се користи за лекување на умерена и јака болка. Сепак, неговата доза од 5 mgr. во вид на таблети или 30 mg. како супозитории има ограничена флексибилност во титрацијата на дозата, посебно кога се поребни повисоки дози.

Претходно наведениот пример со 60 mg MS Contin bd е еднаков со 16 таблети на ден од 5 мгр оксикодон, но сега може да бидат заменети со 40 mgr bd оксиконтин (2 таблети дневно).

Овој контролирано ослободувачки оксикодон станува алтернативен опиоид на морфинот и фентанилот во случаите кога се потребни помали дози.

Недостатоци на контролирано ослободувачкиот оксикодон

  • Контролирано ослободувачкиот оксикодон сепак е опиоид, па затоа може да се јават како несакани ефекти сите оние кои се јавуваат и кај другите опиоидни аналгетици ( мачнина, гадење, повраќање, запек, седација, депресија на дишењето, стеснување на зениците, јадеж и друго).
  • Пациентите можат да земаат оксикодон таблети од 5мгр само за пробивачките дози, што може да биде голем број на таблети доколку се потребни повисоки дози.

Како мерки на претпазливост се наведуваат:

Доколку се скршени или смачкани таблетите, тие може да доведат до нагло ослободување на потенцијално токсични дози на оксикодонот. Ова истото се однесува и за МС Континот и Капанолот.

Започнувањето на дозирањето кај пациентите со бубрежна и хепатална инсуфициенција треба да биде редуцирано на една третина до една половина од вообичаената доза со внимателна титрација на дозата. Ова истото се однесува и за пациентите во понапредната возраст.

Оксикодонот е достапен во две форми: форма со брзо ослободување и форма со контролирано ослободување Овие две форми на оксикодонот може да се користат самостојно или во комбинација. Регистрирани лекови за оксикодон хидрохлоридот ги вклучува брзоослободувачките лекови: OxyFast, OxyIR, Roxicodone и Percolone.

Лек со контролирано ослободување е OxyContin.