• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Клинички искуства со Трамадол (Tramadol) Печати

Аналгетскиот ефект на трамадолот е оценуван во акутната и хроничната болка од различна етиологија. Опиоидните аналгетици првенствено ја ублажуваат ноцицептивната болка, но трамадолот со својот двоен механизам на делување може да биде корисен и во третманот на неуропатската болка. Почетокот на аналгезијата се јавува по 20 минути кај две третини од пациентите и просечно трае 6.2 часа.

Подносливост на трамадолот

Сигурносниот профил на трамадолот е добро дефиниран. Испитувањата на подносливоста на трамадолот кај вкупно 21 222 болни третирани со овој лек покажале дека најчести несакани ефекти биле мачнината со 6.1%, вртоглавица 4.6%, поспаност 2.4%, замор 2.3%, потење 1.9%, повраќање 1.7%, сува уста 1.6%. Другите регистрирани несакани ефекти биле под 1%.

Несакание ефекти од трамадолот зависат од дозата како и од начинот на неговата примена. Така почести се со поединечна доза од 200мгр, отколку со пониска доза - 50 или 100мгр, како и при интравенска примена.