• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Оксикодон (Oxycodon) - полусинтетски опијат за средно јака и јака болка Печати

Оксикодон (Oxycodon) е полусинтетски опијат добиен од опиумот. Слично како и другите опиоидни лекови, оксикодон има јако аналгетско дејство и тенденција да корисниците станат физиолошки зависни и стекнат толеранција на лекот после подолга употреба. Оксикодонот обично се применува во комбинација со неопиоидните аналгетици, како што се ацетаминофенот и салицилатите, за лекување на умерена и јака болка. Оксикодонот врши депресија на ЦНС, поради што може да доведе до поспаност, вртоглавица, летаргија и конфузија. За да не дојде до тоа, потребно е да се добро титрира дозата за секој пациент одделно.

Оксикодон се употребува за лекување на јака болка. Даден орално има подобра биорасположивост од морфинот, а еднаков аналгетски потенцијал. Полувремето на живот по пероралната примена е околу 3.5 часа, иако кај некои болни со поспора елиминација може да изнесува и 5 часа. Овие разлики се објаснуваат со индивидуалните разлики во метаболизмот, што е уште еден доказ за потребата од внимателно титрирање на дозата на опиоидите кај секој пациент одделно.

Оксикодонот се применува два пати дневно. Дава брз аналгетски ефект за помалку од еден час и ефектот трае околу 12 часа.

Дозирањето, како прилагодувањето на дозата се едноставни . Оксикодонот има широк спектар на индикации и широк тераписки интервал.

При зголемување на болката од средно јака на јака болка, според скалите за болка, лекувањето со оксикодонот таблетите продолжува со адекватно зголемување на дозата.

При долготрајното лекување со оксикодон таблетите нема промени во метаболизмот, ниту се акумулираат метаболити во организмот.

Кај пациентите со понапредната возраст не се потребни прилагодувања на дозата. Несаканите ефекти (седација, мачнина, вртоглавица, јадеж и други) се поблаги отколку кај другите аналгетици и побрзо минуваат.

Оксикодонот е голем напредок во лекувањето на средно јаката и јаката болка. Тој ја ублажува средно јаката и јаката болка.

Се користи и за лекување на неуропатска болка, која е резултат на делумното оштетување на коскениот мозок или ЦНС. Кај неуропатската болка важно е примарното лекување со антидепресиви и антиепилептици, но утврден е и позитевен аналгетски ефект на оксикодонот во лекувањето на неуропатската болка.

Оксикодонот има важно својство да при зголемувањето на неговата доза поради појачувањето на болката не доаѓа и до нарушување на квалитетот на животот на пациентот. Оксикодонот има голема широчина на тераписко дозирање, а тоа е многу битно при лекувањето на болката, бидејќи вистинската доза е таа доза која ја ублажува и отстранува болката кај пациентот.

Оксикодонот се применува во клиничката практика уште од 1017 година и во во многу стручни студии објавени се позитивни резултати и искуства.

Голем напредок во фармацевтската индустрија е постапката на произведување на таблети. Активната супстанција од лекот се ослободува со бифазен механизам т.н. акроконтин, кој овозможува аналгетски ефект во помалку од еден час од неговата примена и продолжено аналгетско делување во наредните 12 часа.