• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Ибупрофен - нестероиден антивоспалителен аналгетик Печати

Ибупрофенот е дериват на пропионската кисленина и спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни аналгетици. Денес ова е еден од нашироко применуваните лекови за ублажување на слабата и умерената болка.

Како и диклофенакот, така и ибупрофенот се избегнува кај пациенти со улкусна болест, болести на црниот дроб, бубрезите или со астма.

Се наоѓа во форма на таблети, дражеи и сируп. За лекување на слаба до умерена болка се даваат дози од 400мгр (една таблета) на секои 4-6 часа.

Што се однесува до појавата на несакани ефекти, најчести се: улцерации и крварење од желудникот и некои други поретки несакани ефекти како што се: вртоглавица, несоница, главоболка, вознемиреност, раздразливост, умор, повраќање, грозница и укоченост на вратот.

Треба да асе истакне дека ибупрофенот, иако е доста често применуван аналгетик, не е сосема безопасен. Неговата долготрајна примена може да доведе до сериозно оштетување на црниот дроб и бубрезите.