• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Кодеин - слаб опиоиден аналгеник за лекување на умерена до средно јака болка Печати

Кодеин е опиоиден алкалоид кој делува депресивно на ЦНС, особено на центарот за кашлање. Исто така, тој има и седативен и аналгетски ефект, но не влијае на епителот на дишните патишта и не го отежнува искашлувањето.

Кодеинот спаѓа во групата на слаби опиоидни аналгетици и се користи во лекувањето на умерена до средно јака болка. Тој има синергистично дејство со парацетамолот и НСАИЛ. Комбинацијата на кодеинот со парацетамолот го зголемува аналгетскиот учинок за 40%.

Кодеинот воглавно се користи за спречување на сувата кашлица кај пациентите со карцином на белите дробови и дишните патишта. Но, кодеинот во мали дози во комбинација со други аналгетици се користи и за лекување на слабата болка.

Улогата на кодеинот во комбинираната терапија за болка не е доволно јасна, но се смета дека тој го засилува аналгетското дејство на другите аналгетици (парацетамол, пропифеназон).

При долготрајна употреба на кодеинот може да дојде до одреден степен на зависност. Кога се применува во препорапани дози, кодеинот не дава значителни несакани ефекти. Како несакани ефекти се наведуваат: запек, повраќање, вртоглавица и поспаност.

Кодеинот се наоѓа во форма на таблети, на капсули или сируп.