• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Откриен протеин кој побрзо ја враќа ерекцијата после операција на простата

Радикалната простатектомија е една од тераписките можности за лекување на ракот на простатата.

Радикалната простатектомија е хируршки третман при кој се отстранува целата простата со нејзината капсула и семените кесички. Постојат два метода на радикалната простатектомија: лапароскопски метод и отворен оперативен метод.

Во текот на првите 3 до 18 месеци по радикалната простатектомија, повеќето мажи имаат еректилна дисфункција која бара медикаментозен или друг третман.

Импотенција (еректилна дисфункција) е состојба на неможна ерекција или неможност таа да се задржи. При тоа не доаѓа до соодветно здрвување на пенисот при сексуална стимулација, а како последица на тоа и пенетрација при сексуалниот однос.

Во случаите кога се применува простатектомија со зачувување (поштеда) на еректилните нерви, еректилната дисфункција е поретка и трае кратко време по оперативниот зафат, а подоцна се нормализира. Сепак, скоро сите мажи кои се се лекувани со радикална простатектомија имаат намалена способност за ерекција, но кај помладите пациенти може да се очекува таа повторно нормално да се воспостави.

Доколку се изведе радикална простатектмија со поштеда на еректилните нерви, процентот на импотенцијата кај мажите до 60-годшна возраст е 25-30%. Но, за мажите над 70-годишна возраст, тој процент е многу повисок и изнесува дури 70 до 80% и покрај поштетата на нервите при оперативниот зафат. За еректилната дисфункција постојат неколку можни опции на лекување.

Сепак, поразителните податоци покажуваат дека после радикалната простатектомија поради рак на простата, скоро 80% од мажите ја губат способноста за постигнување на ерекција, поради оштетувањето на нервите кои минуваат околу простатата.

Но, добрата вест стига од американскиот „Feinberg School of Medicine“. Резултатите од истражувачите покажале дека оштетениот нерв е можно побрзо да се регенерира со помош на протеин наречен sonic hedgehog, во вид на гел богат со нано-влакна.

Истражувањето спроведено на стаорци покажало дека протеинот sonic hedgehog го обновува оштетениот нерв два пати побрзо отколку што тој самиот би се регенерирал. Забрзувањето на обновувањето на нервот е исклучително важно за да се спречи одумирањето на клетките во пенисот и за да се зачувува еректилната функција.

„Ова откритие на протеинот sonic hedgehog би можело да се примени не само за еректилна дисфункција после операција на простата, туку и кај оштетувања на кавернозниот нерв поради дијабет, изјавила Dr. Carol Podlasek, доцент по урологија од „Feinberg School of Medicine“.

Експертите истакнуваат дека постои исклучителна потреба за подобри начини на лекување на еректилната дисфункција предизвикана од оштетувањето на кавернозниот нерв. Квалитетот на животот на мажите по операцијата на ракот на простатата предизвикува голема загриженост на пациентите и лекарите, бидејќи овој вид на рак се почесто се дијагностицира во се помлада возраст.

„Мажите кои се припремаат за операција на простата најмногу ги загрижува квалитетот на животот после самата операција, кој не самошто влијае на нив, туку и на членовите на нивното семејство“, заклучиле истражувачите.

 

Најчитани наслови