• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Актуелно за летниот период - Што е Лајмска болест (Lyme disease) и кој ја предизвикува? Печати

Деновиве многу се говори за опасноста од крлежите и болестите кои тие може да ги пренесат на луѓето и животните. Крлежите почесто ги има во пролетните и летните месеци, па затоа опасноста од нив е поголема во овој период.

Крлежите спаѓаат во ектопаразити (надворешни паразити) и се хранат со крвта на цицачите, птиците, а понекогаш и со крвта на влекачите и водоземците. Крлежите се важни вектори во пренесување на разни болести. Тие се роднини на пајаците (имаат осум нозе), долги се до 2 см, со жолта или кафена боја.

Постојат три семејства на крлежи: т.н. „меки“ крлежи (Argasidae), и т.н. „тврди“ крлежи (Nuttalliellidae и Ixodidae).

Сите крлежи се паразити кои ја „пијат“ крвта на својот домаќин а можат да се најдат во сите делови на светот. Претставуваат многу опасен пренесувач на заразни болести, а некои од нив можат да имаат и фатален исход.

Нивни живеалишта се најчесто шумите, високите треви и пределите покриени со грмушки и бујна вегетација, која им е неоходна како би можеле да „скокаат“ на животните и на луѓето кои минуваат низ овие предели.

Крлежите подеднакво ги напаѓаат и луѓето и другите животни. Кај кучињата и мачките нивното откривање е особено тешко поради присуството на влакна и поради тоа што тие во почетокот се со пречник од само 1-2 милиметар.

Крлежите се резервоари на бактеријата Borrelia burgdorferi. Тоа е грам негативна бактерија која крлежит може да ја ја пренесат на човекот, но и на домашните животни. Болеста се јавува сезонски, од раната пролет до касната есен, воглавно кај луѓето кои често престојуваат во природа професионално или рекреативно.

Медицинско значење – Лајмска болест (Борелиоза)

Lyme disease, Lyme borreliosis

Како последица од убодот на крлежот може да се јави Лајмска болест. Лајмската болест е мултисистемско заболување кое има субакутен и хроничен тек, а го предизвикува бактеријата Borrelia burgdorferi, која ја пренесува крлежот со својот убод на домаќинот. Оваа болест првенствено ја зафаќа кожата, а потоа срцето, зглобовите и централниот нервен систем.

На самиот почеток, во својата прва фаза, Лајмската болест се манифестира со појава на локален оток и црвенило на местото на убодот и во околината и тоа 3-32 дена по инцидентот. Локалното црвенило е топло и обично не е болно. Кај 50% од пациенетите идентични промени може да се јават и на други делови од телото, а кај 15% пациенти може да не се јават кожни промени. Освен промените на кожата, може да се јави и покачена температура, треска, малаксаност, главоболка и зголемување на регионалните лимфни јазли.

Доколку болеста не се препознае и не се лекува, после неколку недели се развива вториот стадиум на болеста, кој се карактеризира со невролошки симптоми, појава на болки во зглобовите и кардиолошки симптоми.

Кожните промени се манифестираат со развој на еритем (црвенило) на нови места кое се шири и ги зафаќа и другите делови на телото, поради што и се нарекува Erythema chronicum migrans.

Невролошките симптоми можат да се јават во вид на менингитис, енцефалитис, радикулоневритис, невритис. Пареза на нервот фазијалис (нерв на лицето) е пособено честа манифестација на невроборелиозата, но можат да бидат оштетени и другите кранијални нерви.

Од ревматолошки симптоми најчесто се изразени артитиси и тоа на зглобовите на колената кои можат да рецидивираат.

Кардиолошките симптоми се во вид на срцев блок, миокардитис (воспаление на срцевиот мускул), перикардитис (воспаление на срцевата обвивка) и панкардитис (воспаление на срцето и срцевата обвивка). Во овој стадиум болниот е вознемирен и деконцентриран.

Третиот стадиум се развива после неколку месеци или дури после година дена, кога болеста влегива во хронична фаза. Доцната дисеминација е пратена со енцефалопатија - Лајм енцефаполатија, која се манифестира со симптоми на прогресивен енцефалитис со константна главоболка, замор и многубројни невролошки испади во вид на атаксии, спастични парези или со психички пореметувања во вид на депресија, губиток на памтење, па се до развој на деменција. Исто така, во овој стадиум се регистрираат и промени на зглобовите и на кожата.

Како се поставува дијагноза?

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика и податокот за убод од крлеж, а се потврдува со тест на индиректна имунофлуоресценција или со примена на ELISA техниката со која се откиваат IgM антитела во серумот, ликворот или синовијалната течност во зглобовите. После 1-3 месеци се јавуваат и IgG антитела, кои долго се задржуваат во телото.

Лекување на Лајмска болест (Борелиоза)

Терапијата на Лајмската болеста зависи од клиничкиот стадиум.

Во првата фаза на болеста се препорачува: Penicilin 800.000 IJ, Tetraciklini 2,0g за 24h како и Eritromycin во иста доза во траење од две недели или до повлекувањето на клиничките симптоми на болеста.

Во втората фаза на болеста се применува двонеделна терапија со кристален пеницилин во високи дози или Ceftriaxon 2,0g , а потоа се продолжува лекувањето со Chloramfenikol 2,0g во тек на 24h или во иста доза се даваат Tetraciklini до повлекување на симптомите.

Во третата фаза на болеста, лек на избор е Ceftriaxon 2,0g или Longaceph, поради добрата дифузија, а во траење од 6 недели.

Доколку антибиотската терапија во третата фаза се покаже како неуспешна, се препорачува терапија со кортикостероиди.

Најважно е крлежот да се најде во првите 6 до 12 часа од времето на убодот и да се извади. Не треба сами да го вадиме крлежот, туку веднаш треба да отидеме на лекар.