• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Гонореата наскоро би можела да стане отпорна на лекови Печати

Полово преносливата болест – гонореа би можела да стане отпорна на лекови, ако научниците наскоро не откријат нови начини на лекување, предупредиле водечките експерти за сексуално здравје.

Гонореата е честа полово пренослива болест, предизвикана од Neisseria gonorrhoeae, бактерија која лесно се размножува во слузницата на гениталните органи, како што се грлото на матката, матката и јајчниците кај жените и мочниот канал кај мажите и жените. Исто така, оваа бактерија може да се размножува и во устата, грлото или анусот.

Гонореата се пренесува преку сексуален незаштитен контакт. Ако не се лекува, може да доведе до воспалителна болест на карлицата, до ектопична бременост и неплодност кај жените.

„Станува збор за многу интелигентна бактерија. Ако овој проблем не се реши, постои реална можност гонореата да стане исклучиво тешка инфекција за лекување“, изјавила Dr. Catherine Ison.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека секоја година помеѓу лицата на возраст од 15 до 49 години има најмалку 340 милиони нови случаи на излечиви полово преносливи болести – вклучувајчи ги сифилисот, гонореата, хламидијата и трихомонијазата.

Сегашното лекување на гонорејата, во поголемиот број на земји, се состои од една доза на антибиотици било со cefixim или со ceftriaxon.

Ceftriaxon–от и cefixim-от се сеуште многу ефикасни, но постојат знаци кои наговестуваат развој на отпорност на бактеријата према овие антибиотици, особено према cefixim-от . Затоа, спомнативе лекови наскоро нема да бидат добар избор“, изјавила Dr. Catherine Ison.

Dr. Catherine Ison нагласила дека најдобар начин за намалување на ризикот, покрај примената на презервативи кои го запираат ширењето на полово преносливите волести, е лекување на гонореата со два антибиотика во исто време.

Станува збор за третман кој се применува при лекување на некои други болести како на пример кај туберкулозата. Дали овој начин на лекување на гонореата наскоро ќе стане стварност, ќе покаже времето.