• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е срцева аритмија? Печати

Здравото срце чука со рамномерен ритам - 60 до 100 пати во минута. Но, се случува понекогаш срцето да не чука со своето вообичаено темпо.

Срцева аритмија е пореметување на срцевиот ритам. Срцето чука неправилно, пребрзо или пребавно.

Периодничното „прескокување“ на срцевиот ритам е, во повеќето случаи, безопасно, но има случаи кога треба да се загрижиме и побараме лекарски совет.

Предупредувачки знаци поради кои мораме веднаш да се јавиме на лекар:

  • Ако пореметениот срцев ритам е пропратен и со други симптоми, вклучувајќи несвестица или чувство на паѓање во несвест, недостаток на воздух, чувство на гушење или болка во градите.
  • Ако аритмијата трае подолго од 30 секунди.
  • Ако лицето прележало срцев инфаркт или затајување на срцето – било која промена на срцевиот ритам е причина да се побара медицинска помош.

Најчестата форма на аритмија се нарекува атријална фибрилација. Нејзините симптоми се:

  • Треперење на срцето.
  • Неправилен пулс.
  • Недостаток на воздух, особено во тек на физичка активност или емотивен стрес.
  • Слабост, замор.
  • Вртоглавица, конфузија.
  • Краткотраен губиток на свест (синкопа).
  • Болка во градите (ангина пекторис).

Атријалната фибрилација често се открива во тек на рутински медицински прегледи, бидејќи многу луѓе немаат изразени симптоми. Други, пак, може да забележат неправилен пулс, но без присуство на други знаци на болест.

Благите симптоми можат да се развијат ведаш, додека посериозни проблеми можат да се јават откако атријалната фибрилација започнала и во текот на следните неколку дена. Затоа е многу важно да се препознаат симптомите и да се лекува атријалната фибрилација што е можно порано за да се избегнат сериозните проблеми.

Сериозните компликации како што се срцевиот инфарк и затајување на срцето можат да се јават пред да се открие атријалната фибрилација.