• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Брасика (Brassica) – природен лек за спречување на ракот и срцевите заболувања

Брасиката е билка која содржи многу хранливи и лековити состојки. Таа е богат извор на индоли, материи кои ги деактивираат естрогените, кои го стимулираат растот на туморите.

Една шољичка варена брасика содржи скоро 100% од препорачаната дневна количина на бетакаротин, 50% од препорачаната дневна доза на витаминот Ц и повеќе од 10% од дневните потреби на железо и калциум.

Селенот, со кои обилуваат семките на брасиката, помага во спречувањето на јаките астматични напади, ги намалува симптомите на ревматоидниот артрит и превентивно делува против развојот на туморите.

Магнезиумот, пак делува на намалувањето на крвниот притисок, при напади на мигрена и во спречување на срцевиот инфаркт кај луѓето кои боледуваат од атеросклероза или шеќерна болест.

Брасиката го подобрува апетитот и варењето на храната, а ги прочистува и синусите на ист начин како и лутите (чили) пиперчиња.

Од семките на брасика се прави вкусниот сенф.

Малите семки на брасиката се користат како зачин и од нив се прави познатиот и за многумина омилениот сенф.

Како се приготвува сенфот?

За приготвување на сенфот, семките од оваа билка се ставаат во течност, како што е сок од грозје, шира, вино, оцет, јаболковача или вода. Потоа се мелат во каша, при што температурата во текот на припремата не смее да биде над 40°C, бидејќи ќе се уништат етеричните масла од семките на брасиката, кои го даваат карактерисчниот вкус на сенфот.

Од семките на брасиката може да се направи и брасиково масло, а лисјата на брасиката може да се јадат како салата.

Зошто е брасиката добра за здравјето?

  • Брасиката е зеленчук од фамилијата Brassicaceae, каде спаѓаат и брокулата, зелката, карфиолот, кељот и прокељот. Брасиката содржи материи кои ја спречуваат појавата на ракот, но и ги инхибираат растот на веќе постоечките ракови клетки. Брасиката со право се смета за природен антиканцероген.
  • Бетакаротините, кои ги има во брасиката, исто така, се природни антиканцерогени и можат да помогнат во спречувањето на развојот на некои видови на рак, а помагаат и при срцеви заболувања.
  • Витаминот Ц е јак антиоксиданс и како таков ги уништува слободните радикали во организмот, поради што делува антиканцерогено т.е. штити од појава на рак, но и од срцеви заболувања. Витаминот Ц го јакне имунолошкиот систем на организмот и го штити од инфекции.
  • Железото го штити организмот од анемија, а калциумот ги јакне коските и ја спречува остеопорозата.
 

Прочитајте и: