• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Брасика (Brassica) – лековита билка од чии семки се прави сенф

Опис

Брасика е отпорна едногодишна, разгранета билка, која како самоникната расте на полињата, но и се одгледува. Најголеми одгледувачи на брасика се Канаѓаните, кои произведуваат дури 40% од вкупното светското производство на брасика, потоа следи Непал со околу 20% производство, Чешка со 15% и Русија со 10%.

Подврсти на брасика

Иако постојат околу 40-тина различни подврсти на билката брасика, во исхраната се употребуваат три основни типа:

  • црна брасика (Brassica nigra), која има јак и продорен вкус, поситна е и потешка за берење,
  • кафената брасика (Brassica juncea), која има горчливо-лута арома и се одгледува почесто од црната, и
  • белата брасика (Sinapis alba), која има најголеми семки со бледа боја и со најсладок вкус.

Семките на брасиката можат да се најдат во различни делови во Европа и Азија, па така кафените семки се наоѓаат на подножјето на Хималаите, црните на Блискиот исток, а белите во медитеранското подрачје.

Првиот пишан запис во кој се спомува брасиката потекнува пред 5000 години, а се спомнува и во Новиот Завет во кој небесното кралство се споредува со семките на брасиката.

Брасиката се користи како зачин. Овој зачин го користеле веќе старите Грци и Римјани. Римјаните биле први кои подготвиле паста од семките на брасика – сенф на база на винска шира, чија рецептура потекнува од 1-от век.

Енергетска и нутритивна вредност на брасиката и сенфот

Семките на брасиката се нискокалоричен зачин, во 100 g има 469 kcal, односно една лажичка содржи само 31 kcal. Белковини на 100 g семки од брасика има вкупно околу 25 g, масти 29 g, а јагленохидрати 35 g.

Семките на брасиката се одличен извор на селен и омега 3 масни киселини, а добар иззвор се и на железо, калциум, цинк, манган, магнезиум, ниацин и диетални влакна. Воедно содржат и до 30% ариматични масла и гликозид синалбин.

Со фино иситнување на семките на брасиката Brasica nigra и Sinapsis alba, со додавање на оцет, вино, шеќер, вода и други состојки се добива сенф со жолто -зелена боја, со карактеристичен мирис и вкус.

Сенфот (100 g) содржи околу 80 % вода 4,7 g протеини, 6,4 g јагленохидрати, 4,6 g масти, а неговата енергетска вредност изнесува 75 kcal.

Сенфот е одличен извор на белковини и селен, добар извор на витамин Е, магнезиум, железо и фосфор, додека нешто помалку содржи и витамин Б6, тиамин, ниацин, витамин Ц и калциум.

Лековитоста на брасиката

Семките на брасиката содржат големи количини на фитонутритиенти – глукозинолати. Истражувањата покажале дека овие материи се ефикасни во спречувањето на растот на туморските клетки. Особено е еефикасен при спречување и намалување на растот на раковите клетки кои го зафаѓаат дигестивниот систем.

Мирисот и аромата на брасиката се ослободуваат кога семките ќе се иситнат или помешаат со течност.

Селенот, со кои обилуваат семките на брасиката, помага во спречувањето на јаките астматични напади, ги намалува симптомите на ревматоидниот артрит и превентивно делува кај туморите.

Магнезиумот, пак делува на намалувањето на крвниот притисок, при напади на мигрена и во спречување на срцевиот инфаркт кај луѓето кои боледуваат од атеросклероза или шеќерна болест.

Брасиката го подобрува апетитот и варењето на храната, а ги прочистува и синусите на ист начин како и лутите (чили) пиперчиња.

 

Прочитајте и: