• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Директно изложување на сонце и можни здравствени проблеми Печати

Иако летото ни пружа многу можности за забава во природа и не мами да излеземе од дома, не треба да заборавиме дека во овој период од годината сонцето е најопасно.

Повеќечасовното престојување на јако сонце, во неадекватна облека, без капа или шешир, недоволното внесување на течности, може да предизвика сончаница или дури и топлотен удар.

За да ги избегнете овие сериозни ситуации, потребно е да водиме сметка за тоа што јадеме, пиеме и како се облекуваме на плус 35 степени. Секако треба и да ги почитуваме советите на лекарите и да не излегуваме на сонце во периодот помеѓу 11 и 17 часот.

Алармантни симптоми

Сончаницата и топлотниот удар се два одвоени медицински поимови, но и едниот и другиот настануваат поради долготрајно изложување на телото на сончевата топлина.

Доколку станува збор за класични случаи, кои се посериозни и потешки, основната разлика е во тоа што кај топлотниот удар доаѓа до престанок на потењето како одбрамбен механизам, додека кај сончаницата се јавува губиток на свест. Но, симптомите кои може да се јават, како што се: вртоглавица, малаксаност, мачнина, повраќање, висока температура и грозница, прават да човекот се чувствува толку лошо што неможе нормално да оди, говори и јаде. Затоа ваквите симптоми се алармантни и веднаш треба да се јавиме на лекар.

Топлотниот удар буквално означува прегревање на организмот и колапс на терморегулациониот систем и обично е пропратен со дехидратација поради губиток на електролити.

Кај сончаницата, поради долгото изложување на главата на сонце, се јавува многу висока телесна температура и настапува ненадеен губиток на свест.

Доколку се во прашање полесни форми, лицето може да се лекува во домашни услови, со адекватна нега која подразбира постојано ладење на организмот, надокнадување на течностите со вода, чаеви и незасладени овошни сокови, со посебен режим на исхрана, која содржи здраво овошје и зеленчук, Но доколку постои тежок облик на сончаница или топлотен удар, неоходно е болничко лекување.

Како да се заштитиме?

Еве неколку практични совети за безбеден престој и уживање на сонце.

  • Сончајте се исклучиво претпладне, од 9 до11 часот.
  • Непосредно пред излегување на сонце не консумирајте „тешка“ храна.
  • Заштитете ја главата со шешир со голем обод и редовно ставајте вода на главата.
  • Заштитете ги вашите очи со квалитетни очила за сонце.
  • Користете креми за сонце со фактор на заштита најмалку 30.
  • Телото сончајте го постепено, а најдобро е да почнете така што прво нозете ќе ги изложите на сонце, а горниот дел од телото и главата да ви бидат под чадор за сонце.
  • Носете на себе лесна облека со светли бои, бидејќи таа ги одбива сончевите зраци.
  • Носите со себе секогаш шише со ладна вода.
  • Колачите заменете ги со овошна салата, а засладените напитоци заменете ги со свежо исцедена лимонада.
  • Јадете лубеница, диња и друго овошје и зеленчук кои содржат многу вода.