• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 8 PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:41
Индекс на артикл
Третмански опции
Радиотерапија
Планирање на 3Д
Третман на линеарен акцелератор
Постоперативна (адјувантна) радиотерапија
Предоперативна хеморадиотерапија
Палијативна радиотерапија
Хемотерапија кај карциномот на хранопроводникот
Сите страници

Хемотерапија кај карциномот на хранопроводникот

Хемотерапијата претставува системска терапија. Се користат цитостатици дадени во вид на интравенска инфузија. Хемотерапијата применета во комбинација со радиотерапијата како локална терапија, овозможува истовремено контрола на локорегионалниот и системскиот проблем, присутен на карциномот на хранопроводникот.

Од друга страна некои хемотераписки агенси (цитостатици), како што се: Cisplatin и 5-Fluorouracil ја зголемуваат ефикасноста на зрачната терапија (радиосензибилизатори). Затоа, тие се даваат и истовремено со радиотерапијата. При ваквата конкомитантна (истовремена) хеморадиотерапија, во текот на зрачењето се спроведуваат два циклуса на хемотерапија, a другите два циклуса следуваат по завршувањето на зрачната терапија. Дозата на зрачната терапија се остварува во подрачјето на езофагеалниот тумор и изнесува 50 Gy. Зрачната терапија се спорведува со линеарен акцелератор со користење на високоенергетски фотони и со претходно внимателно планирање на зрачниот третман, со користење на КТ симулатор.

Секој циклус на хемотерапија се состои од брза интравенска инфузија на Cisplatin во доза од 75 mg/m2 во првиот ден и 5-Fluorouracil во доза од 1000 mg/m2 дневно во вид на континуирана интравенска инфузија во текот на првите 4 дена.