• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 7 PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:41
Индекс на артикл
Третмански опции
Радиотерапија
Планирање на 3Д
Третман на линеарен акцелератор
Постоперативна (адјувантна) радиотерапија
Предоперативна хеморадиотерапија
Палијативна радиотерапија
Хемотерапија кај карциномот на хранопроводникот
Сите страници

Палијативна радиотерапија

Палијативната радиотерапија има важна улога во третманското водење на карциномот на хранопроводникот. Таа нема за цел излекување на пациентот, туку пред се ублажување на симптомите и знаците на болеста, како и отстранување на некој компликации, кои се јавуваат како резултат на локалното, локорегионалното ширење на туморот, или како последица од постоечките оддалечени метастази. На тој начин, значително го подобрува квалитетот на животот на пациентот.

Според тоа, палијативната радиотерапија се применува како за контрола на примарниот тумор, така и за контрола на далечните метастази.

Повлекувањето на симптомите, посебно на дисфагијата (отежнато голтање), како и болката, се јавува кај 80% од пациентите. Бидејќи целта на палијативната радиотерапија, кај карциномот на хранопроводникот, е постигнување на локална контрола, во волуменот на зрачењето задолжително се опфатени и нормалните ткива поставени 5 до 6 cm периферно од границите на туморот. Дозите на палијативната радиотерапија, која може да се спроведува со континуиран или во сплит (раздвоен) курс, се движат меѓу 30 Gy во тек на 2 недели, 50 Gy во тек на 5 недели, до 60 Gy во тек на 6 недели.