• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 6 PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:41
Индекс на артикл
Третмански опции
Радиотерапија
Планирање на 3Д
Третман на линеарен акцелератор
Постоперативна (адјувантна) радиотерапија
Предоперативна хеморадиотерапија
Палијативна радиотерапија
Хемотерапија кај карциномот на хранопроводникот
Сите страници

Предоперативна хеморадиотерапија

Предоперативната хеморадиотерапија се спроведува со давање на комбинација на Cisplatin и 5-Fluorouracil истовремено со зрачна терапија на примарниот тумор и околните нормални ткива до доза од 30 Gy.

Радиотерапијата се спроведува со третирање на секое зрачно поле дневно, со надворешно зрачење, односно со линеарен акцелератор, со користење на високо енергетски фотони, со енергија од 6 MeV или повисока.

Целта на предоперативната хеморадиотерапија е да од првично неоперабилен тумор го направи операбилен, со тоа што ќе го намали примарниот тумор и тој ќе може потоа оперативно да се отстрани.

Според тоа, предоперативната хеморадиотерапија се применува кај масивни тумори, кои е ризично да се оперираат иницијално, па се спроведува прво хеморадиотерапија, после која следи оперативен третман.