• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 5 PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:41
Индекс на артикл
Третмански опции
Радиотерапија
Планирање на 3Д
Третман на линеарен акцелератор
Постоперативна (адјувантна) радиотерапија
Предоперативна хеморадиотерапија
Палијативна радиотерапија
Хемотерапија кај карциномот на хранопроводникот
Сите страници

Постоперативна (адјувантна) радиотерапија

Постоперативната радиотерапија се изведува како дел од куративниот третман на езофагеалниот карцином. Таа се спроведува кај оние пациенти, кај кои туморот не е изваден во целост (при масивни тумори), или кога постои микроскопски резидуален тумор (видени се позитивни хируршки ивици при хистолошки преглед на оперативниот материјал).

Постоперативната радиотерапија се спроведува со надворешно зрачење, со линеарен акцелератор, со користење на високоенергетски фотони (енергија од 6-15 МеV). Дозите кај постоперативната радиотерапија се движат од 40 до 60 Gy во пределот на заостанатиот (резидуален) тумор.