• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 2 PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:41
Индекс на артикл
Третмански опции
Радиотерапија
Планирање на 3Д
Третман на линеарен акцелератор
Постоперативна (адјувантна) радиотерапија
Предоперативна хеморадиотерапија
Палијативна радиотерапија
Хемотерапија кај карциномот на хранопроводникот
Сите страници

Радиотерапија

Радиотерапијата кај карциномот на хранопроводникот може да биде:

Куративна и тоа да се спроведува како:

  • самостоен тераписки модалитет или во комбинација со хемотерапијата,
  • постоперативна (адјувантна) радиотерапија,
  • предоперативна хеморадиотерапија.

Палијативна - нема за цел излекување на пациентот, туку пред се, ублажување на симптомите и знаците на болеста, како и отстранување на некои компликации, кои се јавуваат како резултат на локалното, локорегионалното ширење на туморот, или како последица од постоечките оддалечени метастази.

Куративна радиотерапија

Куративната радиотерапија се применува кај пациенти со карцином на хранопроводниот во стадиум I и II на болеста, како и кај внимателно селектирани пациенти во стадиум III на болеста.

Куративната терапија се спроведува со надворешна радиотерапија, кој е најчесто користен тип на зрачна терапија.

Тоа е локална терапија, која ги уништува карциномските клетки само во регијата која се озрачува. Се спроведува со специјални машини (линеарни акцелератори), кои произведуваат рендгенски зраци со висока енергија. Зраците минуваат низ телото на пациентот од надвор и затоа се нарекува надворешна радиотерапија.

Таа може да се применува како самостоен тераписки модалитет (радикална ра¬диотерапија) и како постоперативна (адјувантна) радиотерапија или како предоперативна хеморадиотерапија.

Радикалната радиотерапија може да се спроведува како самостојна тераписка опција или во комбинација со хемотерапијата.

Во текот на изминатите неколку декади, со воведувањето на сè пософистицирани и попрецизни техники на зрачење, постигнат е огромен напредок во радиотерапијата. Со овие модерни техники на зрачење се постигнува прецизно доставување на повисока доза во пределот на туморот, а минимално озрачување на околните ткива. Исто така, се постигнува и подобра локална контрола, како и помалку акутни и доцни несакани ефекти.

Тродимензионалната конформална радиотерапија (3Д КРТ) користи компјутерски софтвер за интегрирање на КТ снимките од внатрешните ткива и органи на пациентот. Тоа овозможува попрецизно формирање на високата волуменска радијациона доза соодветно на обликот на туморот. 3Д КРТ на тој начин ги намалила како акутните, така и доцните несакани токсични ефекти врз нормалните ткива и околни органи кај пациентите со карцином на хранопроводникот, а од друга страна се постигнала повисока кумулативна доза во самиот тумор. Овие техники на зрачење покажале дека оваа дозна ескалација е поврзана со повисок процент на долготрајна локална контрола на болеста. Колку дозата во туморот е поголема, толку и резултатите од радиотерапијата се подобри.

При планирањето на радиотерапискиот третман кај карциномот на хранопроводникот, задолжително е да во третираниот волумен се опфати целиот тумор и околното нормално ткиво, што се постигнува со поставување на границите на зрачните полиња 5 или 6 cm, над и под границите на туморот.