• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:36

Патолошки типови на туморите на хранопроводникот, стадиуми и градус на туморот

Хистопатолошки типови на туморите на хранопроводникот

Постојат два најчести хистопатолошки типа на езофагеален карцином.

Тоа се: планоцелуларен карцином и аденокарцином.

Планоцелуларниот карцином најчесто е застапен во горната и средната третина на хранопроводникот.

Аденокарциномот е најчестиот езофагеален карцином во долната третина на хранопроводникот, и тоа најчесто во подрачјето на гастроезофагеалниот припој (местото каде се спојува желудникот со хранопроводникот).

Аденокарциномите може да потекнуваат од фокус на ектопична желудечна слузница, која се наоѓа во хранопроводникот, наместо неговата нормална слузница.

Исто така, аденокарциномот може да се јави и како последица на постоење на Barret-ов езофагус. Barret-овиот езофагус настанува како последица на изразен и долготраен гастроезофагеален рефлукс (враќање на желудечна содржина во хранопроводникот).

Ретки хистолошки типови на езофагеални тумори се:

  • планоцелуларен карцином со саркоматозни белези,
  • аденоцистичен карцином,
  • мукоепидермоиден карцином,
  • микроцелуларен карцином,
  • леомиосарком,
  • малиген лимфом,
  • малиген меланом.

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите (TNM-tumor, nodus, metastasa) класификацијата и систем и AJCC системот на стадиумско групирање.

TNM-класификација (AJCC, 1992)

T - примарен тумор

Tis - carcinoma in situ;

T1 - тумор кој врши инвазија на lamina propria или на субмукозата;

T2 - тумор кој врши инвазија на muscularis propria;

T3 - тумор кој врши на adventitia;

T4 - тумор кој врши инвазија на соседните структури;

N - нодален регионален статус

Nx - регионалните лимфни јазли не може да се проценат;

N0 - нема метастази во регионалните лимфни јазли;

N1 – присутни метастази во регионалните лимфни јазли;

M - оддалечени метастази

Mx - дистантните метастази не можат да се испитаат;

Mo - нема дистантни метастази;

M1 - присутни дистантни метастази;

Групирање на стадиуми

Стадиум I

T1, N0, M0;

Стадиум IIA

T2, N0, M0;

T3, N1, M0;

Стадиум IIB

T1, N1, M0;

T2, N1, M0;

Стадиум III

T3, N1, M0;

Т4, кое било N, M0;

Стадиум IV

кое било Т, кое било N, M1

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

Gx - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.