• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто се користи туморскиот маркер CA 19-9? Печати

CA 19-9 е туморски маркер (антиген) чии вредности се зголемени кај околу 25% од пациентките со рак на јајчникот. Нормалните лабораториски вредности на овој туморски маркер во серумот се до 25 U/ml.

CA 19-9 е специфичен туморски маркер за муцинозните карциноми на јајчникот, но неговите вредности се зголемени и кај туморите на дигестивниот тракт. Често кај епителниот рак на јајникот, покачените вредности на CA 19-9 одат заедно и со покачените вредности на CA-125 маркерот.

CA 19-9 маркерот има голема улога во дифенцијалната дијагноза на ракот на јајчникот. Овој крвен тест нема голема сензитивност и специфичност и нема некое поголемо дијагностичко значење во однос на CA-125.

CA 19-9 е моноклонално антитело и против карциномските клетки на дебелото црево. Во зголемени концентрации се наоѓа кај 20-40 % пациенти со рак на дебелото црево, кај 20-40 % пациенти со рак на желудникот и кај 70-93 % пациенти со рак на панкреасот.

Кај пацинети со рак на панкреасот, покачените вредности на овој маркер колерираат со стадиумот на болеста. Високите вредности на CA 19-9 кај овие пациенти укажува на напреднат стадиум на рак на панкреасот.

CA 19-9 може да биде покачен и кај некои немалигни состојби, како на пример при присуство на каменчиња во жолчните патишта или жолчната кеса, воспаление на жолчната кеса, воспаление на панкреасот и кај цироза на црниот дроб.