• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот

Pazopanib: Нов потентен и селективен тирозин киназа инхибитор за прва линија терапија на пациенти со напреднат рак на бубрег

PAZOPANIB е таргетирана канцер терапија. Делува на начин што ги блокира специфичните протеини кои се причина за раст и метастазирање на туморот (протеин кинази). Pazopanib е мулти тирозин киназа ихибитор на VEGFR-1, VEGFR-2, VEGFR-3, PDGFR-α и –β, FGFR -1 и -3, Kit, Itk, Lck и c-Fms.[1] Ефикасно и селективно ги инхибира клучните киназа рецептори поврзани со ангиогенезата и пролиферацијата на туморските клетки. Има висока потентност да го инхибира VEGFR-2, примарниот медијатор на VEGF-индуцираната ангиогенеза.[2,3] Минимално ги инхибира другите кинази вклучувајќи Flt-32, кој е клучен регулатор на пролиферацијата и диференцијацијата на хематопоетските прогениторски клетки.[4]

Комерцијална објава © 2010

Pazopanib кај локално напреднат или метастатски рак на бубрег

Рандомизирана, двојно-слепа, плацебо-контролирана, глобална, мултицентрична, фаза III студија, ги евалуира ефикасноста и безбедноста на PAZOPANIB во споредба со плацебо, кај пациенти со локално напреднат и/или метастатски рак на бубрег (РБ). Пациентите вклучени во студијата претходно не примале терапија или имале прогресија на болеста по претходна системска терапија базирана на цитокини. Пациентите биле централно рандомизирани и примале 800mg PAZOPANIB еднаш на ден или плацебо.[5]

Резултатите добиени од студијата покажуваат дека PAZOPANIB е сигнификантно поефикасен од плацебо во третман на пациенти со локално напреднат и/или метастатски РБ.

Средното продолжување на преживувањето без прогресија на болеста кај сите испитаници на терапија со PAZOPANIB е 9.2 месеци, споредено со 4.2 месеци кај плацебо групата. Тоа значи дека кај пациентите со напреднат и/или метастатски РБ кои примаат терапија PAZOPANIB, ризикот од прогресија на туморот или смрт се намалува за 54% споредено со плацебо без разлика на претходниот третман со цитокини. Средното продолжување на преживувањето без прогресија на болеста при терапија со PAZOPANIB, сигнификантно се продолжува и кај пациентите кои претходно не примале терапија (11.1 месеци за PAZOPANIB во однос на 2.8 месеци за плацебо групата). Тоа значи дека кај пациентите што примале PAZOPANIB со напреднат и/или метастатски РБ, а кои претходно не примале терапија со цитокини, ризикот од прогресија на туморот или смрт се намалува за 60% споредено со плацебо. Кај пациентите пак кои претходно биле третирани со цитокини, средното продолжување на преживувањето без прогресија на болеста при терапија со PAZOPANIB е 7.4 месеци во однос на 4.2 месеци кај плацебо групата.[5]

Според независни анализи, стапката на одговор при терапија со PAZOPANIB кај вкупната популација вкучена во студијата, е 30% со 58.7 недели (14.5 месеци) просечна должина на одговор кон терапијата.

PAZOPANIB покажува прифатлив безбедносен профил и подносливост. Најчесто пријавени несакани дејства се дијареа, хипертензија, промена на бојата на косата, гадење, анорексија и повраќање. Повеќето несакани дејства поврзани со третманот со PAZOPANIB се степен 1/2 и можат клинички да се менаџираат. Најчести несакани дејства од степен 3/4 се хипертензија и дијареа, а најчести лабораториски абнормалности од степен 3/4 се елевација на вредностите на АЛТ и АСТ. Повеќето од случаите на елевација на хепаталните ензими се aсимптоматски и се јавуваат во текот на првите 4 месеци од третманот. Поедини несакани дејства што се очекуваат да се појават при терапија со лекови од оваа класа, како што се протеинурија, тромбоцитопенија, хипотироидизам, синдром на шака-стопало и мукозитис/стоматитис, се јавуваат со инциденца помала од 10%, а кај помалку од 1% од пациентите овие несакани дејства се со степен 3/4.

Она што е забележително е дека во досегашните анализи пациентите кои биле третирани со PAZOPANIB немале клинички значајна разлика во квалитетот на живот, во споредба со пациентите на плацебо. Овие резултати се во согласност со безбедносниот профил на PAZOPANIB, што е особено значајно, бидејќи пациентите со рак на бубрек, се често асимптоматски во времето на иницирање на терапијата и тоа им овозможува да останат на оваа терапија во тек на подолг временски период.[5]

Во текот на студијата, при следење на пациентите на терапија со PAZOPANIB, не се покажала разлика (влошување) во квалитетот на животот на пациентите третирани со PAZOPANIB во однос на оние кои примале плацебо.[5]

PAZOPANIB е во форма на таблети од 200mg и 400mg за орална употреба. Дозирањето кај различни пациенти е различно. Максималната препорачана дневна доза на PAZOPANIB е 800mg, еднаш на ден, секој ден.[1]

[ ]
  1. SmPC
  2. Kumar R, et al. Myelosuppression and kinase selectivity of multikinase angiogenesis inhibitors. Br J Cancer 2009; 101:1717–1723.
  3. Hicklin DJ & Ellis LM. Role of the vascular endothelial growth factor pathway in tumor growth and angiogenesis. J Clin Oncol 2005; 23:1011–1027.
  4. Lyman SD & Jacobsen SE. c-kit ligand and Flt3 ligand: stem/progenitor cell factors with overlapping yet distinct activities. Blood 1998; 91:1101–1134
  5. Sternberg CN, et al. Pazopanib in locally advanced and/or metastatic renal cell carcinoma: results of a randomized Phase III trial. J Clin Oncol 2010